УШТЕ ЕДЕН ISUZU АВТОБУС ВО МАКЕДОНИЈА

Аутомакедонија како овластен увозник, дистрибутер и сервисер за автобусите од гамата на ISUZU, го испорача и првиот автобус од класата на средни автобуси (мидибуси) во Македонија.

Се работи за нов и комплетно опремен ISUZU Novo Ultra со капацитет од 29 седишта за патници и едно за возачот, кој нуди максимална вредност за вложените средства.

Со тоа се проширува и гамата на автобуси ISUZU кои циркулираат во Македонија, а моделот NovoUltra се придружува и на претходно испорачаните автобуси за градски превоз (Citiport) кои беа погонувани на дизел или CNG (природен гас).

Во Аутомакедонија можете да се информирате за сите детали, за палетата на ISUZU, да добиете понуда и финансирање.

 

1

4

3

6

8