ПРВИОТ ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН SSANGYONG

Новиот Korando e-motion, едноставно го премостува јазот помеѓу традиционалното и модерното. Од една страна тој е најмодерниот претставник на брендот кој има повеќе од 6 децении искуство со моделите со погон на 4 тркала.
Од друга страна нуди сосема ново возачко искуство. Новиот целосно електричен ранг на мотори е подготвен да ја транспортира историјата на SSangYong во новата иднина: 100% без емисија и со многу забава во возењето – на пат и на терен.
СКОРО ВОЗИ САМ!

Deep control е името на системот за помош на возачот кај SsangYong, кој веќе овозможува полу-автономно возење на ниво 2.5 (Делумна авотномност ADAS: возилото изведува управување и забрзување. Возачот ги набљудува сите задачи и може да преземе контрола во секое време.
Со помош на системот на камери и радари, сензорите го набљудуваат окружувањето и секоја ситуација при возењето и регаираат со помош на интервенција во електрониката на возилото, со цел што е можно порано да се детектираат опасните ситуации и избегнат незгоди.


E-MOЦИОНАЛЕН ДИЗАЈН

Електричен автомобил за сите што сакаат вистински SUV.
Дизајнот на новиот Korando e-motion е единствен и футуристички. Посебна карактеристика на дизајнот се бројните сини детаљи кои се наоѓаат на каросеријата.
Моќните линии и облици, се истакнуваат со чиста и лесна енергија, токму како и технологијата која се наоѓа под хаубата на Korando e-motion.
Иднината станува многу возбудлива!
ТВОЈАТА КОМФОР ЗОНА

Без разлика дали се работи за краток шопинг, семејни излети или пак долги патувања, Korando e-Motion летечки ќе ја исполни секоја задача. Со едена од најпространите внатрешности во својот сегмент и голем и флексибилен багажен простор, Korando e-Motion, лесно се справува со сите предизвици на секојдневниот живот.
Внатре, веднаш те обзема чуство дека си во добри раце. Повеќе-слојно тапацирани седишта со перфектна ергономија, доволен простор за колената и лактите, пријатни материјали и тивко, пријатно возачко искуство. Korando e-Motion, местото каде што сакаш да бидеш.
СОСЕМА НОВО ВОЗАЧКО ИСКУСТВО

Korando e-Motion поставува нови граници кога е во прашање возачкото задоволство.
Возењето на новиот целосно електричен Korando e-Motion ќе ги засени сите претходни искуства зад воланот на некој SUV. Моќта на електричниот мотор се покажува веднаш, без одложување и скоро целосно без придужни механички звуци.
При тоа, електричното возење не значи дека треба да се откажете од нешто, затоа што напротив, добивате многу, многу повеќе.