Вози безбедно, вози одговорно

Од 21.02 до 26.02.2022 – Недела за зголемување на свеста за безбедно учество во сообраќајот

Овој Февруари, Аутомакедонија ја започна својата кампања за зголемување на свеста за безбедно и одговорно учество во сообраќајот – Вози безбедно, вози одговорно.

Целта е преку нашите пораки да апелираме на одговорно однесување на сите активни учесници во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи и секако редовно одржување и проверка на исправноста на автомобилите.

Што треба да направиме за да сме сигурни дека нашиот автомобил е секогаш во топ форма и е безбеден учесник во сообраќајот?

  • Сезонска проверка на автомобилот: Пред зимската и летната сезона, а особено пред патување, задолжително препорачуваме да направите сезонска проверка на автомобилот. Проверуваме – сопирачки, глицерин, предница и подвозје на автомобилот, степен на истрошеност на гумите, состојба на акумулаторот, ги проверуваме светлата и нивото на антифриз.
  • Редовен сервис на автомобилот: Се прави најмалку еднаш во годината и се состои во редовна замена на масло и филтер за масло.
  • Технички преглед: Задолжителен преглед при регистрација на секое возило во рамки на кој се проверува исправноста на возилото и неговата усогласеност со прописите за безбедност и загадување.


Од 21.02 до 26.02 искористи ги посебните поволности за проверка на твојот автомобил!

Во рамки на Неделата за зголемување на свеста за безбедно учество во сообраќајот, Аутомакедонија обезбеди посебни поволности за сите оние кои сакаат да го проверат својот автомобил:

  • Сезонска проверка за само 295 денари
  • 50% попуст на работната рака за редовен сервис
  • 20% попуст на резервни делови

Од 21.02 до 26.02.2022 – Недела за зголемување на свеста за безбедно учество во сообраќајот