ZIMSKI

ЗИМСКИ СЕРВИС ВО АУТОМАКЕДОНИЈА

Мулти бренд сервисниот центар на Аутомакедонија, сместен во населбата Кисела Вода (бул. Борис Трајковски бр. 21), во непосредна близина на спортската сала Расадник, за своите клиенти (со сите видови и марки на патнички возила) – подготви специјален :

ЗИМСКИ СЕРВИС ПАКЕТ

zimski servis

Пред почетокот на зимската сезона и падот на температурите, нормално е да направите сезонска проверка на возилото и системите – и да го освежите моторот со ново, квалитетно моторно масло. За таа цел – дизајниравме специјален зимски пакет на проверка и редовен маслен сервис.

Зимскиот сервисен пакет – предвидува извршување на основните операции на редовно одржување – промена на масло и филтер за масло.

Во промената на маслото, го користиме врвното масло на LIQUI MOLY (7 години по ред избирано како најдобар бренд во својата класа од највлијателните авто магазини во Германија – Auto Bild, Auto Motor und Sport, Auto Zeitung…).

Цената на 1 литар од полусинтетичкото моторното масло Leichtlauf Performance 10W-40, на LIQUI MOLY ќе ве чини само 250 денари.

250 den litar

Работната рака, пак, за извршување на основната операција – промена на масло и филтер за масло, изнесува 649 денари (со вклучено ддв).

Aко претпоставиме дека Вашето возило собира 4 литри масло, му одговара градацијата и спецификацијата на маслото Leichtlauf Performance – сметката за Вашиот зимски сервис ќе изнесува скромни – 1.649 денари!

АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА КЛУБ КАРТИЧКА

Дополнително, со секоја направена сметка во Аутомакедонија, имате можност да аплицирате за нашата клуб картичка, со која на цените на услугите – добивате попуст од најмалку 10%, како и бројни бенефиции во користењето на услугите на фирмите од групацијата Аутомакедонија.

Така, со клуб картичката и попустот од 10% – горенаведената сметка за зимскиот пакет ќе Ве чини само – 1.484 денари!

На оваа цена – ќе се надодаде само уште цената на филтерот за масло, за што нашите сервисни инжинери – ќе Ви понудат неколку алтернативи.

Меѓу другите бенефиции – со клуб картичката добивате право и на бесплатен шлеп – до сервисите на Аутомакедонија на територијата на Скопје, ако возилото го поправате во нашите сервиси.

СЛЕП

БЕСПЛАТНА ВИЗУЕЛНА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛОТО

Во истата цена и наведениот пакет, во Мулти бренд сервисот на Аутомакедонија во Кисела Вода добивате и – БЕСПЛАТНА визуелна проверка на состојбата на Вашето возило која опфаќа :

  • Проверка на сопирачки
  • Проверка на ниво на течности (масло, антифриз, глицерин, течност за миење стакло)
  • Проверка на акумулатор
  • Проверка на инсталации
  • Проверка на светла, магленки, сијалички
  • Проверка на шара на пневматиците
  • Проверка на бришачите и нивната состојба

ВИЗУЕЛНА ПРОВЕРКА

Комплетната визуелна инспекција, трае околу 15 минути и по неа, инжинерите на Аутомакедонија ќе изготват детален сервисен извештај и ќе Ви ја презентираат состојбата на Вашето возило.

ПОПУСТИ И БЕНЕФИЦИИ

Ако решите да ги следите препораките на нашите приемни инжинери, на сите операции и резервни делови ќе ги добиете попустите кои ви следуваат од Клуб картичката на Аутомакедонија, со кои навистина немате повеќе потреба да ризикувате и експериментирате. Едноставно препуштете ја грижата за Вашето возило на нашиот тим на професионалци.

СПЕЦИЈАЛНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ

Во зимската сезона, подготвивме и специјални цени и попусти за зимските гуми од палетата на

  • BRIDGESTONE
  • FIRESTONE
  • DAYTON

За кои добивате и бесплатна монтажа и балансирање.

ZIMSKI GUMIT

Како и за сите препарати (зимски адтиви за дизел гориво, течност за одмрзнување на стаклото), бришачи, сијалички – со кои би го подготвиле Вашето возило за зимската сезона.

МУЛТИ БРЕНД СЕРВИС НА АУТОМАКЕДОНИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА

Сервисните операции во Аутомакедонија ги вршат врвни мајстори, под будната контрола на машинските инжинери со долгогодишно искуство во работата и врвна опрема и рачен алат.

Сервисот е опремен со 7 работни места, 7 двостолбни дигалки, специјални тестери на BOSCH (за квалитетна и прецизна дијагностика на секакви дефекти), опрема за замена и балансирање пневматици.

Во комплексот е сместен и сервисот за лимарски поправки и фарбање (овластен од сите осигурителни компании во земјата).

Во сервисот во Кисела Вода можете да ги одржувате и поправате сите видови и марки на патничк и лесни комерцијални возила.

ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН

Сервисната акција се однесува само за сервисот во Кисела Вода, и само со претходно закажување термин на тел :

02 3103 130