Winter Car of the Year: The Opel Insignia Grand Sport beat 13 competitors to secure the title.

ЗИМСКИ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА

Новата генерација на OPEL INSIGNIA во конкуренција на 14 автомобили, и во земјата на снегот – Финска, беше избрана за Зимски автомобил на Годината.

Новата INSIGNIA во избор на списанието – Tekniikan Maailma (TM), го доби највисокиот рејтинг и оценка 8,8 од вкупно можни 10 поени.

Gruelling conditions: The Opel Insignia Grand Sport mastered the challenging tests and received a maximum five “snowflake” rating from Tekniikan Maailma.

Во период од речиси полн месец, конкурентите за Зимски автомобил на годината поминале повеќе испитувања, лабораториски тестирања, како и тест возења на патеката позната под името “Бел Пекол” – Ивало.

Winter Car of the Year: The Opel Insignia Grand Sport mastered the challenging tests and received a maximum five “snowflake” rating from Tekniikan Maailma.

По сите испитувања, конечната оценка е дека INSIGNIA постигнала “одличен успех на сите зимски тестирања”. Моделот добил највисоки можни оценки за системот за греење, сопирање и држење на патот.

Последната победа од овој тип, OPEL ја има освоено во далечната 2003 за моделот OPEL Vectra.