BRC_Gas_Service_3

ВОЗИ И ШТЕДИ! “BRC” – АВТО ПЛИН

Аутомакедонија, како овластен увозник и сервисер на уредите од Италијанскиот премиум бренд “BRC Gas Equipment” за конверзија на бензински мотори во мотори на течен нафтен гас (ТНГ), за своите клиенти подготви специјална “ВОЗИ И ШТЕДИ” акција!

Врвниот уред на “BRC” можете да го вградите во мулти бренд сервисниот центар на Аутомакедонија во населбата Автокоманда.

Collaudo_4

ЗОШТО ДА ВГРАДИТЕ УРЕД НА ТЕЧЕН НАФТЕН ГАС (авто плин)?

Една од примарните цели на вградувањето на уредот за ТНГ – е заштедата на финансии.

КОЛКУ ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ СО МОНТАЖА НА УРЕДОТ BRC?

Според официјалниот калкулатор на BRC докажан во пракса, со монтирање на уредот за ТНГ на BRC, ќе заштедите сериозни финансиски средства.

Имајќи ги предвид цените на горивото во Македонија, на денот на изготвување на овој пост (19.03.2018) :

  • 65,50 денари – Бензин, 95 октани
  • 30 денари – ТНГ (авто плин)

Со возило кое просечно троши 8 литри гориво на 100 км и со просечна годишна километража од 15.000 км, и со вграден уред за авто плин, ќе заштедите :

  • 594 eвра, или
  • 47% од трошокот за гориво

Со оваа калкулација, ако и вашето возило троши просечни 8 литри на 100 км, и минувате 15.000 км годишно – со заштедата, сте ја вратиле вашата инвестиција – ВО ПРВАТА ГОДИНА!

Ако сакате точно да пресметате, колку ќе штедите со вградување на плинскиот уред на Вашето возило, посетете го калкулаторот на BRC на овој линк ТУКА … или консултирајте се со нашите инжинери.

BRC_Gas_Service

ВИ ТРЕБА И ФИНАНСИРАЊЕ? ШТО ВЕЛИТЕ НА РАТА ОД 1.150 ДЕНАРИ?

Во соработка со домашните банки, Аутомакедонија Ви нуди и специјален “Вози и штеди” финансиски пакет, со кој уредот на BRC можете да го добиете и со брз, експресен кредит.

Најпродаваниот уред – мултисеквенционален уред на BRC можете да го добиете и на :

  • 36 рати по 1.150 денари!

Со овој кредит, можете лесно да го вградите уредот, и веднаш, од првиот месец, со заштедата на трошокот за гориво – да возите и штедите…

Аплицирањето, процедурата и одобрувањето се спроведуваат – експресно брзо.

brc_p&d_image

ШТО Е СО МОЌНОСТА?

Ќе се изненадите од моќта на уредот на BRC.

Префрлањето на режимот од бензин на авто плин е автоматски и незабележителен, а загубата на моќноста на моторот е толку мала што воопшто нема да ја почувствувате.

На тој начин добивате економичен мотор со недопрена моќност и забрзување.

Centro Ricerche BRC

ЗОШТО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИТЕ ЗА BRC GAS EQUIPMENT?

Уредот на BRC е атестиран и сертифициран за употреба во Европската Унија.

Се употребува како уред за првовградување (оригинален уред) кај голем број возила во Италија и странство, а меѓу нив се и брендовите – Chevrolet, Daimler-Chrysler, Dewan-Hyundai, FIAT-Tofas, Ford, Jaguar, MAN, Maruti Suzuki, Mitsubishi, PSA Peugeot-Citroën, Subaru, Volkswagen, Hyundai, Kia, Great Wall, Volvo, Piaggiо.

Во Италија, во 2017 година се вградени над 160.000 уреди за конверзија на авто плин!

Во сервисниот центар на Аутомакедонија добивате гаранција на квалитетот и сериозен премиум сервис за одржување и сервисирање, со едуциран кадар со долгогодишно искуство во работата и сериозна залиха на резервни делови.

Collaudo_1

РАЗМИСЛУВАТЕ ОДГОВОРНО И ЕКОЛОШКИ? 90% ПОМАЛО ЗАГАДУВАЊЕ ОД ДИЗЕЛ МОТОРИТЕ

Возилата со вграден уред за авто плин имаaт сериозно помала емисија на јаглеродни и азотни оксиди од бензинскиот мотор, а има за неверојатни 90% помала емисија на азотни оксиди и отровни честитки кои ги генерираат дизел моторите.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ

Ако и Вие сакате да бидете еден од многуте задоволни корисници на BRC GAS EQUIPMENT уред, побарајте не на телефон :

02 3103 130