DSC_0946

TEСТ ВОЗЕЊЕ СО ISUZU

На голема чест и задоволство, Македонија и овластениот увозник на ISUZU за нашата земја – Аутомакедонија беа избрани како стартна точка на големиот регионален тест караван со новиот градски автобус – NovoCiti Life.

За таа цел, во комплексот на Аутомакедонија во поранешната Стакларница, пристигна брендираниот демо автобус на ISUZU, а беше организирана и кратка презентација и тест возење по улиците на град Скопје за потенцијалните клиенти.

На поканата се одзваа – претставниците на приватното здружение на автобуски превозници кои можеа да ги слушнат основните податоци за најновиот автобус на ISUZU, како и за целата гама на производи, меѓу кои најинтересни за присутните беа и податоците за автобусите со погон на природен гас (CNG).

DSC_0870

Претставникот на Isuzu, г-динот Алпер Килич, ја сподели информацијата и за проектите поврзани со возилата на ISUZU на електричен погон, а кои се во завршна развојна фаза и се очекува нивно лансирање на пазарите во следната година.

Со посетителите на презентацијата беа споделени интересни информации, искуства, импресии…

Беше потврден интересот за соработка и особено потенцирана потребата за опремување на градскиот превоз со автобуси на алтернативно и еколошко гориво кои на долг рок треба да го подобрат квалитетот на воздухот и животот во главниот град, а партнерите од ISUZU потврдија дека и понатаму ќе организираат презентации од овој вид со кои уште повеќе ќе им ги приближат карактеристиките и предностите на нивните производи пред конкуренцијата.

DSC_0995

Oд друга страна, генералниот директор на Аутомакедонија, на посетителите, им ги најави и специјалните пакети за финансирање кои се подготвуваат во соработка со домашните финансиски институции, а кои имаат за цел да им овозможат на превозниците (во градскиот но и меѓуградскиот превоз) да дојдат полесно до нов, модерен и еколошки автобус.

Исто така, имајќи ја предвид реалноста во нашата земја, на презентацијата беше најавен и специјалниот проект на ISUZU за продажба на проверени користени (половни) автобуси, со коj на клиентите ќе им бидат понудени и обезбедени – користени автобуси во добра кондиција, проверени од експерти во фабриката, со јасна историја на сопственоста и сервисирањето, со специјален сертификат за исправноста, освежени во овластените сервисни центри на ISUZU во регионот и со можност за ограничена фабричка гаранција.

Беше истакнато дека Аутомакедонија целосно ќе го поддржи овој проект и заедно со партнерите од ISUZU ќе им го олесни животот на домашните превозници – обезбедувајќи им добри автобуси, по добри цени, со одлична логистичка поддршка во сферата на одржувањето, сервисот, резервните делови, хомологацијата, осигурувањето, финансирањето…

DSC_0980

DSC_1023

DSC_1010

 

DSC_0929

DSC_1225

DSC_1239

DSC_1276

DSC_1341