korando11

ТЕСТ SSANGYONG KORANDO

Првпат претставен уште во раните 80-ти, Korando е првото возило на јужнокорејскиот бренд SsangYong, кој континуирано се развива што е најзабележливо во најновата, четврта генерација. Моделот ја задржа својата SUV, поточно кросовер форма која е скроена на начин што е во тек со моменталните светски трендови. Јужнокорејската марка SsangYong во светот е препознатлива по своите модели кои настапуваат во класите на теренски и SUV возила. Сè започнува со возилата кои имаа погон на сите четири тркала во осумдесеттите години, самостојно развивајќи ги моделите Musso и Korando. По 2000 година, SsangYong ја шири својата палета со цела линија SUV возила, вклучувајќи ги Rexton, Korando, Actyon Sports, Tivoli и XLV.

korando5

Модернизирање на филозофијата

Новата генерација на Korando, повеќе од очигледно црпи инспирација од поголемиот Rexton, со оглед на сличниот преден крај како и предните и задните светла, но и мускулестите странични линии. Сепак, повеќе од забележливо е и влијанието од SIV-2 дизајнерскиот концепт, кое го доживеа своето деби на Саемот во Женева во 2016 година, каде доби позитивни реакции.

korando13

Новиот Korando е дополнителен доказ за големината на промените кои SsangYong ги спроведува во модернизацијата на својата производна филозофија, а претставува пример за современ дизајн, најнови технологии и највисоки безбедносни стандарди. Основните карактеристики кои го издвојуваат Korando од остатокот од конкуренцијата се огледуваат во неговатa модерна форма и висока функционалност. Целосно новиот, современ и автентичен екстериер ги карактеризираат нагласено обликуваните предни контури, задни карактерни елементи и препознатливи странични линии. Во однос на претходниот модел, димензиите сега се поголеми. Должината изнесува 4.450 мм, ширината 1.870 мм и висината 1.620 мм, а подолгото меѓуосовинско растојание од 2.675 мм, овозможува зголемување на комфорот при возењето.

Во тек со современото живеење

Новото Korando е ориентиран кон комфорот за сите патници, а особено внимание е посветено на возачот. Големата пространост во внатрешноста овозможува значително повеќе место за главата и на задните седишта, во однос на конкурентските модели. Вградените материјали одскокнуваат од стандардите, кабината делува полуксузно и поскапо од сегментот во кој Korando настапува. Паметната врата од багажникот е опремена со систем за практично отворање без раце и го открива просторот чиј капацитетот се движи од 551 литри до дури 1.248 литри кога ќе се преклопат задните седишта.

Ентериерот во Korando претставува своевиден спој на ексклузивни материјали со современи технолошки решенија, така што овој модел на SsangYong е целосно прилагоден за потребите на модерното време. Компанијата својата филозофија на уредување ја нарекува Blaze Cockpit и истата се одликува со дигитализацијата. Почнувајќи со предниот дел од кабината каде доминира 10,25-инчниот екран од инфозабавниот систем, а тука е и 9-инчната дигитална инструмент табла. Кај новата генерација на Korando карактеристиката на која е ставен посебен акцент е високото ниво на интегрирани безбедносни технологии, кои се застапени преку голем број на активни и пасивни системи. Впрочем, Korando беше оценет со 5 ѕвездички на EURO Ncap тестот.

Уверлив и прецизен

За погонот кај Korando се избрани нови, модерни агрегати, двата во склад со најновите Euro 6d-Temp норми. Првиот е 1,5-литарски GDI турбо бензинец со 163 КС и 280 Nm, додека на љубителите на дизел моторите е понуден 1,6-литарскиот турбодзел со 136 КС и 324 Nm. Покрај 6-степениот рачен, опција е и 6-степениот автоматски менувач производ на специјалистите од Aisin. Во оваа прилика ние се дружевме со дизелската изведба опремена со автоматски менувач и погон на сите тркала. Забрзувањето до 100 км/ч изнесува 12 секунди, додека максималната брзина се достигнува на 180 км/ч. Перформансите што ги поседува Korando во пракса делуваат далеку поуверливо отколку на хартија. Управувањето е повеќе од солидно и покажува знаци на спортско однесување. Самото тоа кажува дека и потпирањето е калибрирано на покрут начин, што од друга страна нас ни се допадна, затоа што не се „ниша“ кога ќе посакате да го возите на повозбудлив начин. Неговиот погон е по традиција на сите четири тркала, токму тука Korando ги покажува своите најголеми квалитети, покажувајќи ни дека може да се трансформира во возило што без потешкотија може добро да се снајде во теренски услови.

korando26

Компанијата SsangYong во последното издание на Korando ги употребила сите зачини што се потребни да се добие еден вкусно направен „кросовер“ кој се издвојува по ненаметливиот пристап и скриените адутути што чекаат да бидат откриени.

korando18

Цените започнуваат од 18.990 евра, односно акциска цена од 17.850 евра која важи до 31 март. За дизел верзијата која имавме можност да ја тестираме се доплаќа сума од 3.050 евра на веќе постоечката понуда.

Повеќе информации во салонот на Аутомакедонија или на телефонските броеви 02 3103 263 и 02 3103 265.

Текстот е во целост превземен од порталот Авто Плус.