7P_LHD1

SSANGYONG ЌЕ БИДЕ ХИТ ВО МАКЕДОНИЈА

Ако почетокот на продажбата треба да биде некој показател, тогаш Ssang Yong ќе биде хит во Македонија, особено неговите модели Korando и Rexton. За само неколку денови во новата 2020 година Аутомакедонија, застапникот за овој корејски бренд продаде неколку возила што може да биде најава за успешна година.

Покрај моделот на Korando за купувачите интересен е и моделот Rexton, a некои се особено задоволни од брендот па ги сакаат луксузните верзии на овој голем СУВ со 7 седишта и погон на сите тркала.

Но, најголемата продажба се очекува од новиот модел на Korando. Тој е нов на нашиот пазар и се најде меѓу финалистите на националниот Избор за автомобил на годината во Македонија за 2020 година.
Новиот Korаndo e атрактивен, модерен, мултифункционален SUV автомобил од кој со право се очекува да биде моторот и двигателот во продажбата на корејската марка во Македонија и на другите светски пазари.

Со одличен дизајн, врвни, премиум перформанси на патот и надвор од него, со можноста да се избере погон на две или на сите тркала, новиот Korando е идеален личен, авантуристички или семеен автомобил со кој можете да циркулирате во градот, да одите на викенд и одмор во природа. Автомобил кој совршено ќе се вклопи и во секоја компаниска флота. Во најновата генерација, опремен е и со нови 1,5 литарски GDi турбо бензински мотори, или 1,6 дизелски агрегати задолжени да испорачаат максимална моќност со најмала можна потрошувачка на гориво.

Надворешноста на новиот KORANDO е една од главните предности на новата генерација. Сосема нов, поинаков од претходните три генерации, тој има јасно препознатлива предница, која е сосема нова и модерна, а сепак во линија со основната дизајнерска филозофија која ги следи и другите модели, пред се TIVOLI и REXTON.

На предниот дел – доминира големата хромирана и сјајна маска, над која се интегрирани и големите предни халогени светла, со светла за дневно возење и обоени трепкачи изведени во лед технологија. Издигнат на патот, со големата маска и светлосна партија, новиот KORANDO има препознатлива SUV линија, форма и дизајн.

Дизајнерите направиле максимален напор да остварат – комплетно интегриран и линиски спакуван дизајн, во кој сите работи се поставени на вистинското место, во видното поле, на дофат на раката. Материјалите се одлични, инструмент таблата – идеално позиционирана, издувите на клима уредот се интересно вкомпонирани на предниот дел, практично се поставени сите – потпирачи за раце, копчиња, рачки, футроли и фиоки за разни предмети во возилото.

Она што плени, секако, е и големиот простор и комфор за возачот, совозачот и местото за нозете (и колената) за патниците од задната клупа. Зборувајќи за совршениот дизајн, кај најопремениот модел на Korando – можете да добиете не еден / туку два дигитални дисплеи интегрирани во таканречениот – Blaze Cockpit, кои ќе ве држат во тотална контрола.

Првиот е целосно дигиталниот инструмент кластер (покажувач) со големина од 10.25”. Вториот е мултифункционалниот дисплеј од 9” во кој можете да ја следите навигацијата.
Инфотејнмент системот е од најновата генерација и овозможува многу функции, вклучително и перфектна конективност – и спојување на вашето возило со смарт телефоните (iOS и Android).
Интересно е и амбиенталното лед светло, кое можете сами да го изберете, доаѓа во 34 бои – и со него можете да го дефинирате и амбиентот во внатрешноста на Вашиот автомобил.

Во Korando можете да изберете повеќе варијанти на седишта – од практичната плетена покривка, до премиум кожени седишта во најопремените модели. Во одредени модели можете да добиете и греење на седиштата, со кои ќе се збогувате со студенилото во зимските утра, а надополнување на овој практичен систем за ниските температури е и системот за греење на воланот. Предните седишта,пак, може да дојдат и со сопствена вентилација.

Во креирањето на Korando, обрнато е огромно внимание на комфорот при возењето. Возачот и совозачот имаат удобни седишта со лумбарна поддршка. На задните седишта, патниците имаат богати 850 мм простор за нозете. Просторот за багаж, може да собере богати 551 литри волумен.
А внесувањето багаж во возилото не било никогаш полесно со автоматската задна хауба, која се отвара кога ќе се приближите до неа со смарт клучот.

Новиот Korando е долг – 4.450 мм, широк 1.870 мм и висок 1.629 мм (со вклучени кровни носачи за багаж). Меѓуосовинското растојание му е – 2.675 мм.
Сопствената тежина се движи од 2.010 до 2.250 кг, зависно од изведбата, погонот и нивото на опременост.
Димензии и карактеристики адекватни за еден сериозен семеен SUV, со многу простор и комфор во возењето.

Новиот KORANDO е придвижуван од два агрегати.
Првиот е новиот бензински – 1,5 литарски GDI-Turbo мотор со моќност од 163 коњски сили и вртежен момент од 280 Nm, што гарантира врвни перформанси во класата. Моторот може да биде спарен со мануелен 6 степен менувач, или со автоматски AISIN менувач кои гарантираат лесно и мазно менување на брзините и максимална економичност во поглед на потрошувачката на гориво.

Вториот мотор е дизел моторот со зафатнина од 1,6 литри со вртежен момент од 324 Nm, што пак гарантира испорачување на одлични перформанси на секаков терен и услови. И тој е спарен со автоматскиот менувач AISIN кој гарантира точно менување на брзините, одлични забрзувања со задржување на максималната економичност.

Моторите, нивната моќност, подвозјето и менувачите му даваат можност на KORANDO во бензинска изведба да влече до 1,5 тони, а на дизел моделот и до 2 тони, што значи дека возилото можете да го искористите и за удобно влечење на вашата приколка или глисер на подолгите патувања и на одмор.

Возилата се опремени и со STOP and GO мотори кои автоматски се исклучуваат при подолго мирување на возилото во место (ова не важи за моделите со погон на сите тркала). Најновата генерација на KORANDO, на направениот краш тест на EuroNcap беше крунисан со максимални 5 ѕвездички за безбедност. Тоа доволно зборува за сериозниот пристап на Корејскот производител во развојот на својот бестселер.

Максималната безбедност, доаѓа како резултат на повеќе параметри. Шасијата е најдобра во класата, со 74% од структурата направена од цврст челик отпорен на голем притисок. Моделот е опремен со 6 воздушни перничиња – за возач, совозач, странични перници и воздушни завеси.

Со потпишувањето на договорот за соработка со регионалниот дисрибутер на SSANG YONG, кон крајот на 2019 година, Аутомакедонија стана овластен дилер и сервисер на Корејската марка во Македонија.
Возилата на SSANG YONG доаѓаат со фабричка гаранција од 5 години или изминати 100.000 км.

Промотивната, акциска цена на основниот пакет на опрема со клима уред, aлуминиумски тркала и многу опрема, за KORANDO со бензинскиот мотор, почнува од ултра конкурентни во класата – 17.565 евра.

На клиентите им стојат на располагање сите инструменти за купување на автомобил – финансиски и оперативен лизинг, кредит, старо за ново…

Текстот е во целост превземен од порталот 24 Ауто.