мала 2

СООПШТЕНИЕ ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ

Почитувани клиенти,
Би сакале да Ве информираме дека менаџерскиот тим на Аутомакедонија, со внимание ги следи и максимално почитува насоките и препораките на Владата, Министерството за здравство и надлежните институции во врска со вирусот Covid-19.
Иако со редуциран кадровски потенцијал, поради донесените одлуки и препораки за ослободување на старателите на мали деца и вработените oд листата на најзагрозени категории, остануваме отворени за нашите клиенти и корисници на услугите.
Работното време, на нашите сервисни центри во Скопје и Битола (кои ги цениме како исклучително значајни за безбедноста и мобилноста на граѓаните и на институциите со кои имаме долгорочни договори за сервисирање) засега останува непроменето.
И продажните салони го задржуваат истото работно време.
Согласно одредбите и препораките на надлежните институции,превземени се бројни мерки за превенција, како за вработените така и за клиентите.
Набавени и поделени се препорачаните заштитни средства и материјали. Просториите редовно се дезинфицираат.
Воведен и под контрола е специјалниот режим за безбедност во секојдневната работа и комуникација со клиентите и соработниците. Одложени се сите патувања во странство и посети од странските партнери и соработници. Максимално редуцирани се службените патувања во државата.
Се внимава на бројката на клиенти во нашите салони и приемни одделенија. За таа цел задолжително е закажувањето на термин за сервисирање на тел. 02 3103 130.
Поради агресивноста на вирусот, привремено се запрени тест возењата.
Новите возила се дезинфицираат пред испорака.
Развојот на ситуацијата се следи во континуитет, а ќе се почитуваат одредбите и препораките на надлежните во борбата против глобалната опасност.
За било каква промена – ќе бидете информирани,а за повеќе информации Ви стоиме на комплетно располагање.