Top_Tec_4200

СЕЗОНСКА ПРОМЕНА НА МАСЛО

Мулти бренд сервисниот центар на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, подготви специјална сервисна кампања за – сезонска промена на моторното масло.

Во одделението за Брз сервис за само 1.780 денари, можете да добиете :

  • Koмплетно хемиско чистење на моторот (пред замена на моторното масло) со адитивите на LIQUI MOLY со кои се отстрануваат сите нечистотии и саѓи од моторот одвнатре. Со тоа се добива чист мотор, подготвен да испорача максимални перформанси,
  • Промена на старото масло со ново, супер квалитетно полусинтетичко масло од Германскиот производител LIQUI MOLY збогатено со графитниот адитив MoS2 кој го штити моторот, го намалува абењето и му дава подолг животен век, ја намалува потрошувачката на масло и гориво. Во пакетот се вклучени 5 литри масло – Leichtlauf MoS2 (10W-40HD),
  • Комплетна визуелна проверка на состојбата на возилото – течности (масло, антифриз, течност за стакла), систем за сопирање (плочки, дискови), електроника, системите за осветлување (светла и трепкачи), состојба на пневматиците – и за комплетната состојба на клиентот му се издава детален сервисен репорт. За сите утврдени дефекти, клиентите добиваат попуст на резервните делови и работната рака.
  • Надворешно миење на возилото,
  • Клуб картичка со која се добиваат бројни поволности, бенефиции за користење на услугите и купување на производите од фирмите на Групација Аутомакедонија. Покрај другото со клуб картичката, клиентите на Аутомакедонија добиваат и бесплатен шлеп на територијата на град Скопје до сервисниот центар на Аутомакедонија.

Комплетната услуга чини само 1.780 денари.

shutterstock_178884050Акцијата се спроведува во Мулти бренд сервисниот центар на Аутомакедонија, во кој можете да добиете – комплетна дијагностика на возилата, редвно одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила, решавање на најсофистицирани дефекти и проблеми, замена и балансирање пневматици.

Во сервисниот центар се ангажирани врвни професионалци со долгогодишно искуство во работењето.

Закажете термин во одделението за Брз сервис на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, на Бул. Борис Трајковски бр. 21.

Тел. 02 3 103 130, 3103 260