D8E_2059

ПРОДАДЕН ПРВИОТ KORANDO

Само неколку дена по пристигнувањето на првите возила на Корејскиот производител Ssang Yong во Македонија, првиот примерок на најновата, четврта генерација на KORANDO беше продаден на компанијата АБЦ Логистика од Скопје, сопственик на франшизите на светските рент-а-кар гиганти – “Enterprise”, “Alamo” и “National”.

“- Денес, заедно со нашиот партнер и пријател, Зоран Димовски , сопственикот на франшизата на глобалниот рент-а-кар бренд “Enterprise“ во Македонија ги испишавме првите страници, во новата историја на Ssang Yong во нашата земја.” – изјави Зоран Дочински, генерален директор на Аутомакедонија. “- Не сме воопшто изненадени. Како и што најавивме, започнуваме една голема операција. Ни припадна честа да го вратиме на нашиот пазар врвниот Корејски бренд, специјализиран во креирањето на off road автомобили од далечната 1954 година. Почетокот на нашите активности се совпаѓа со планетарните лансирања на најновата генерација на KORANDO, модерен, комфорен, одлично опремен SUV, со максимални 5 ѕведички на EuroNcap crash тестот, нови бензински и дизел мотори и исклучително конкурентна цена.

D8E_2119

Заедно со него, на пазарот пристигнуваат и редизајнираниот урбан и компактен SUV – Tivoli, робусниот пикап Musso и ултра луксузниот знаменосец на брендот – REXTON. Комплетно новата палета на Ssang Yong делува моќно, модерно и атрактивно, со опрема и квалитет специфични за возилата од повисоките класи. Сите модели може да се порачаат со погон на сите тркала, со моќни и економични мотори, со робусна, цврста и безбедна структура. Компаративните предности на новиот KORANDO во комбинација со поддршката на Аутомакедонија, веднаш ги препознаа и врвните професионалци од Enterprise со кои не спојува долгорочна соработка базирана на доверба, чесен и професионален пристап. Сигурни сме дека ова Korando, ќе биде само првиот Ssang Yong во флотата на Enterprise.”

Повеќе информации за новата, четврта генерација на KORANDO, можете да најдете на следниот линк :

http://www.automakedonija.com.mk/klub/noviot-ssang-yong-korando/

Фотогалерија од примопредавањето :