Opel_Insignia_Range_1024x440_ins18_e01_020

ПРИСТИГНА НОВАТА INSIGNIA

Најновиот знаменосец во палетата на OPEL, фантастичната INSIGNIA Grand Sport, по официјалните европски премиери, конечно пристигна во салонот на Аутомакедонија во Скопје.

Новата INSIGNIA е модерна, атрактивна, луксузна, одлично опремена и како магнет го привлекува погледот на минувачите, посетителите и потенцијалните клиенти.

Opel_Insignia_Rear_Cross_Traffic_Alert_1024x440_ins18_e01_007

Со атрактивен, никогаш подобар дизајн, спортски линии кои восхитуваат, новата INSIGNIA може да ја изберете во две каросериски изведби – како спортско купе (Grand Sport) или караван (Sports Tourer).

Покрај аеродинамичните, спортски линии и моќната надворешност, вистинската експлозија на емоции ќе ја доживеете со првото влегување во внатрешноста и соочувањето со супериорниот ентериер.

Opel_Insignia_Interior_1024x440_ins18_i01_031

Восхитува внатрешниот дизајн и распоред, прегледноста на инструментите, комфорот и пред се врвниот квалитет на употребените материјали и изработка.

Opel_Design_Interior_1024x440_co165_e03_044

Новата INSIGNIA е исклучително комфорна, со огромен простор во предниот и задниот дел, огромен број на практични додатоци кои заедно ја прават совршен семеен, но и флотен (компаниски) автомобил.

Opel_Insignia_GS_Downloads_1024x440_ins18_e01_015

Со неверојатен пакет на опрема во основниот модел, новата INSIGNIA гарантира максимална вредност за вложените пари.

Вистински врв во својата класа е и интелигентниот IntelliLux LED®Matrix систем со долги светла без отсјај, што автоматски го соборува светлосниот сноп кога на возилото му се приближува друго возило од спротивната насока, но го осветлува остатокот од патот до 400 метри нанапред.

Новата INSIGNIA може да се опреми и со автономниот систем за одржување растојание, кој помага во спречување судири на предниот браник со задниот браник на друго возило и ви помага да се релаксирате со сопирање и забрзување за да се одржи поставеното растојание до возилото напред.

Opel_Insignia_ACC_1024x440_ins18_t01_118

Опционално може да се избере и напредниот систем за помош при паркирање, што ве предупредува за возила додека враќате наназад со предупредување за напречен сообраќај назад.

insignia sport

Како дополнителна опрема на новата INSIGNIA може да се додаде и дисплејот напред (head up display) што ги прикажува вашите клучни податоци на ветробранското стакло, така што ќе можете да ги држите очите на патот. Информациите вклучуваат брзина, насоки за навигација или предупредувања за опасности.

Opel_Insignia_Head_Up_Display_1024x440_ins18_i01_057

Стартувањето на моторот на новата INSIGNIA можете да го направите со магичен допир на копчето – Engine Start.

Opel_Insignia_Keyless_Start_1024x440_ins18_i01_082

И во новата INSIGNIA посветено е големо внимание на интелигентниот инфотејнмент систем, кај кој е добиен :

  • Чист дизајн без рамки.
  • Интеграција на пaмeтен телефон преку Apple CarPlay и Android Auto.
  • Handsfree телефонирање преку Bluetooth.
  • Пристап до фотографии и видеа преку USB.
  • Аудио стриминг преку Bluetooth, USB.
  • 7-звучници, звучен систем 4x20W.

 

Opel_Insignia_R_40_Intellilink_1024x440_ins18_i01_129

На сите овие предности, во новата INSIGNIA одлично се надградуваат и сосема новите бензински и дизел мотори, новата шасија, мануелни и автоматски менувачи кои испорачуваат одлична моќност, забрзување и максимална брзина, истовремено комбинирајќи ги возните перформанси со економичната потрошувачка на гориво.

Opel_Insignia_Sunroof_1024x440_ins18_e01_016

Ако сеуште не сте ја виделе и пробале новата INSIGNIA, направете го тоа веднаш.

Посетете го салонот на Аутомакедонија во населбата Автокоманда и закажете тест возење.

Повеќе информации на тел. 02 3103 130