foto1

PIAGGIO CALESSINO

Одличен, авантуристички транспортер

Ape Calessino е специјален вид на возило, со посебно дизајнирани детали кои го прават лесно препознатлив во целиот свет.

Едноставниот дизајн, перфектно во линија со нео-класичниот стил, е само една од причините зошто Ape Calessino, и повеќе од 70 години од своето раѓање, продолжува да изненадува, изнудува емоции, не само при возењето, туку и на оние кои се возат во него или го гледаат. Компактните димензии, извонредната можност за маневар и ексклузивните единечни, просторни и комфорни седишта, се особеностите, кои го прават најпопуларно возило за професионален транспорт на луѓе за туристички цели, во ексклузивни хотели, резорти и тематски паркови.

Иконски, но секогаш модерен, Ape Calessino е совршен за разгледување на знаменитостите – и неговата успешност, обичното патување од една до друга точка да го направи незаборавно искуство.

Разгледувањето на знаменитостите, традициите и фолклорот на еден град никогаш не биле толку забавни. Тој е средство во кое ќе бидете забележани поради елегантниот а во исто време и романтичен стил, кој го прави ексклузивен шатл за туризам и апсолутно оригинално возило со кое можете да го промовирате бизнисот на јасно препознатлив и впечатлив начин.

HP