Opel-GT-X-Experimental-504098_0

OPEL GT X Experimental

Со претставувањето на експерименталниот модел GT X Еxperimental, OPEL ја претстави својата храбра визија за иднината на моделите од Германскиот бренд.

Koмпактниот SUV со 5 врати, комплетно електрифициран треба да ја отслика идната дизајнерска нишка на моделите на OPEL, како и да го потенцира значењето на електричните модели. Впрочем, со програмата на OPEL најдоцна до 2024 година, сите модели во гамата ќе имаат свои верзии на електричен погон.

2018 Opel GT X Experimental

Својата иднина Opel jа вгради во компактниот SUV долг 4,063 милиметри (со меѓуоскино растојание од : 2,625 mm; широчина: 1,830 mm; висина : 1,528 mm). Менаџментот на фирмата очекува дека до 2021 година дури 40% од вкупната продажба на возила од гамата на OPEL ќе бидат возила од сегментот SUV.

2018 Opel GT X Experimental

Интересна е и внатрешноста на моделот во кој е вграден едноделен панел, со широк екран на кој ќе бидат излистани најважните информации и елементи на интелигентниот инфотејнмент систем.

2018 Opel GT X Experimental