20200228_092253

OPEL ДРУЖЕЊЕ ВО АУТОМАКЕДОНИЈА

Во опуштена атмосфера, со партнерите и пријателите на брендот, менаџерскиот тим на Аутомакедонија го организираше вториот “Ден на Претприемачи” на OPEL.

Случувањето започна во продажниот центар на Аутомакедонија во населбата Автокоманда,  каде по пристигнувањето на гостите, беше одржана мала презентација на новите модели – новата генерација на OPEL CORSA која пред неколку дена се закити со признанието “Автомобил на годината 2020” во Македонија, новата ASTRА и останатите модели во палетата и понудата на OPEL.

20200228_092230

На “тркалезната маса” присуствуваа претставници на партнерските компании во земјата од повеќе дејности и гранки од малиот и среден бизнис.

Меѓу претприемничките херои на настанот, беа претставниците на најголемите рент а кар агенции во земјата, сопственици на светските франшизни ланци за земјата  – Enterprise и Sixt кои располагаат со сериозни флоти на OPEL возила во своите возни паркови, фирми од областа на дистрибуцијата – Нелт Ск, производството – Алумил, прехрамбената индустрија – Френки дооел Струмица, лабораториските и фармацевтски компании – Фармахем, Биотек, транспортот – Олишпед…

Драги гости на настанот беа и претставниците на OPEL од канцелариите во Скопје и Белград.

20200228_092244

По кратката презентација, беше организиран и придвижен – караванот на тест возила на OPEL со кој се тргна кон дестинацијата – Кавадарци и Винарската визба Тиквеш.

20200228_065900

Посетителите имаа можност на возбудливата траса, автопатот до Велес – да ги пробаат и возат на правец и во свиоци новите модели – CORSA, ASTRA, INSIGNIA и GRANDLAND X.

20200228_065830

По секоја патарина, се правеше промена на возачите со цел рамномерно да се почувствуваат возните перформанси и комфорот на возилата на OPEL од различните класи.

20200228_065850

Кратки моменти да се разменат впечатоци со другите возачи.

20200228_065814 (1)

Со залезот на сонцето, караванот од 6 автомобили, пристигна во Винарската Виза Тиквеш во Кавадарци, каде гостите беа пречекани од винските екпсперти со мала прошетка во винаријата, мала дегустација на вината на Тиквеш.

20200228_065802

Дружењето, размената на мислењата, идеите и впечатоците продолжи во ресторанот на Тиквеш, со специјално подготвената премиум вечера.

20200228_065729

Како и што започна, вториот Ден на претприемачи на Оpel и Аутомакедонија, заврши позитивно и срдечно, а драгите гости – добија мали подароци за спомен од пријатното дружење, и секако, беа безбедно превезени до Скопје.

Позитивните впечатоци и реакции од настанот, се одлична мотивација оваа убава традиција да се одржува и негува во иднина, со нови Претприемнички денови и претставници на нови претприемнички бизниси во Аутомакедонија.

20200228_065714

20200228_065651

Во меѓувреме, тест возилата на Аутомакедонија , остануваат на располагање за презентација и тест возење во продажно сервисниот центар во Автокоманда. А продажните експерти на Аутомакедонија, подготвено ги очекуваат сите сопственици на мали и големи бизниси за изготвување на најдобрите можни понуди за возилата на OPEL и за нивното финансирање.

FB_IMG_1582871028414