opel_insignia_gs_exterior_21x9_ins18_e01_002(2)

OPEL ГО ЗГОЛЕМУВА МАРКЕТ ШЕРОТ

Во септември, 2018 година, OPEL забележа рекорден маркет шер во Германија од високи 10,2%. По 2010 година, ова е највисокиот индивидуален маркет шер на брендот од Риселсхајм во матичната држава.

За ваквите резултати на OPEL покрај богатата палета на нови модели во SUV сегментот (Crossland X, Grandland X и Mokka X), aтрактивната Insignia и секогаш популарните Corsa и Astra, голема заслуга има и инжинерскиот тим на Opel кој за разлика од неколку конкуренти успеа да создаде 127 патнички модели кои целосно ги задоволуваат новите стандарди на издувната емисија Еuro 6d.