SpeditionSauer

ОДЛИЧНА ЗАШТЕДА СО LIQUI MOLY

Најдобриот начин да го дознаете ефектот и корисната вредност на одредени производи е да се консултирате со директните корисници.

Германскиот претприемач, Дирк Сауер, поседува транспортна компанија и во неа одамна ги користи моторните масла на LIQUI MOLY.

Имајќи одлично искуство со моторните масла на Liqui Moly, Сауер решил да ги проба и адитивите. За проба ги искористил стационарните мотори на Volvo со кои е опремена неговата термална станица.  Понекогаш, овие мотори работат и по 24 часа дневно, под максимално оптоварување. “Она што успеавме да го направиме користејќи ги адитивите на LIQUI MOLY е феноменално. Ја намаливме потрошувачката на гориво од 75 на 72 литри, и со тоа штедиме околу 2.160 литри гориво месечно. А тоа е секако одлично за нашиот џеб и за животната средина” – вели Сауер.

Pro-Line_Super_Diesel_Additiv

Вториот ефект на штедење се и намалените трошоци за одржување како и помалиот број на  расипувања. “Како резултат на високото оптоварување, моравме да ги менуваме скапите инјектори секоја година” – вели Сауер – ” Oткако го користиме LIQUI MOLY немавме никакви штети или проблеми со  инјекторите”.

Потенцијалот на заштеда кој го обезбедуваат производите на LIQUI MOLY е особено значаен за операторите на флота на возила. Ако се намали потрошувачката на гориво за четири проценти, тоа значи дека фирмата ќе заштеди десетици илјади евра секоја година преку намалените трошоци за гориво. Во оваа пресметка е земена предвид и цената на адитивот. Дополнително, се намалуваат и другите трошоци на расипувања, дефекти. Ако пак флотата оперира во средини во кои квалитетот на дизел горивото не е особено добар, тогаш ефектите на штедење се уште поголеми.

Којa е тајната на адитивот?

Super Diesel адитивот на  LIQUI MOLY ја подобрува состојбата на моторот на повеќе начини. Прво, го чисти системот на вбризгување – ги отстранува наталожените нечистотии од чувствителните инјектори и го спречува појавувањето на нови. По тоа, горивото добро се атомизира и согорува ефикасно. Второ, ги подмачкува инјекторите а со тоа и го зголемува нивниот животен век. Трето, го подигнува кетанскиот број – што пак овозможува горивото полесно да согорува а моторот да работи помазно и поекономично. Четврто, и конечно, го штити целиот горивен систем од корозија.

Super Diesel адитивот може да се порача и во буриња од 205 литри како и во концентрирана состојба за операторите за флоти. Ова го намалува трошокот по литар и го прави  Super Diesel адитивот особено економичен. И ова значи дека адитивот може да се употребува и на бензински пумпи. И гарантира дека секое од Вашите возила ќе има бенефит од користење на адитивот.