НОВИОТ SSANG YONG KORANDO

Аутомакедонија, со голема чест и задоволство, ја доби можноста да и ја претстави на јавноста во нашата земја – најновата, четврта генерација на Корејскиот SUV модел – KORANDO.

Новиот KORANDO e атрактивен, модерен, мултифункционален SUV автомобил од кој со право се очекува да биде моторот и двигателот во продажбата на Корејската марка во Македонија, Европа и светот.

new-korando-options-banner

Со одличен дизајн, врвни, премиум перформанси на патот и надвор од него, со можноста да се избере погон на две или на сите тркала, новиот KORANDO е идеален личен, авантуристички или семеен автомобил со кој можете да циркулирате во градот, да одите на викенд и одмор во природа. Автомобил кој совршено ќе се вклопи и во секоја компаниска флота.

Во најновата генерација, опремен е и со нови 1,5 литарски GDi турбо бензински мотори, или 1,6 дизелски агрегати задолжени да испорачаат максимална моќност со најмала можна потрошувачка на гориво.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Надворешноста на новиот KORANDO е една од главните предности на новата генерација. Сосема нов, поинаков од претходните три генерации, тој има јасно препознатлива предница, која е сосема нова и модерна, а сепак во линија со основната дизајнерска филозофија која ги следи и другите модели, пред се TIVOLI и REXTON.

9P_LHD3

Малкумина знаат дека Korando се произведува веќе полни 37 години и се чини дека токму актуелната, четврта генерација – го има вистинскиот дизајн, вистинските пропорции, вистинските линии неопходни да им се допадне на префинетите европски возачи.

На предниот дел – доминира големата хромирана и сјајна маска, над која се интегрирани и големите предни халогени светла, со светла за дневно возење и обоени трепкачи изведени во лед технологија.

1P_LHD-Cover

Издигнат на патот, со големата маска и светлосна партија, новиот KORANDO има препознатлива SUV линија, форма и дизајн.

По страната на возилото, во делови од предната и задната врата се позиционирани динамичните линии, кои на новиот Korando му даваат стилска профилна линија. Во ретровизорите се вградени трепкачи во боја.

7P_LHD2.jpg

На задниот дел е поставен атрактивен SUV спојлер, а задната хауба завршува со стилизирана сатенски хромирана лајсна – која му дава одлична линија и препознатлив дизајн – одзади.

ПЕРФЕКТНА ВНАТРЕШНОСТ

Внатрешноста на Korando е приказна за себе.

Дизајнерите направиле максимален напор да остварат – комплетно интегриран и линиски спакуван дизајн, во кој сите работи се поставени на вистинското место, во видното поле, на дофат на раката.

11P_LHD_black

Материјалите се одлични, инструмент таблата – идеално позиционирана, издувите на клима уредот се интересно вкомпонирани на предниот дел, практично се поставени сите – потпирачи за раце, копчиња, рачки, футроли и фиоки за разни предмети во возилото.

Она што плени, секако, е и големиот простор и комфор за возачот, совозачот и местото за нозете (и колената) за патниците од задната клупа.

Зборувајќи за совршениот дизајн, кај најопремениот модел на Korando – можете да добиете не еден / туку два дигитални дисплеи интегрирани во таканречениот – Blaze Cockpit, кои ќе ве држат во тотална контрола.

29P_LHD7

Првиот е целосно дигиталниот инструмент кластер (покажувач) со големина од 10.25”. Вториот е мултифункционалниот дисплеј од 9” во кој можете да ја следите навигацијата.

12P_LHD_EU9

Инфотејнмент системот е од најновата генерација и овозможува многу функции, вклучително и перфектна конективност – и спојување на вашето возило со смарт телефоните (iOS и Android).

Интересно е и амбиенталното лед светло, кое можете сами да го изберете, доаѓа во 34 бои – и со него можете да го дефинирате и амбиентот во внатрешноста на Вашиот автомобил.

13P_LHD

Во Korando можете да изберете повеќе варијанти на седишта – од практичната плетена покривка, до премиум кожени седишта во најопремените модели. Во одредени модели можете да добиете и греење на седиштата, со кои ќе се збогувате со студенилото во зимските утра, а надополнување на овој практичен систем за ниските температури е и системот за греење на воланот.

14P_LHD9

Предните седишта,пак, може да дојдат и со сопствена вентилација.

14P_LHD10

ГОЛЕМ КОМФОР, БОГАТ ПРОСТОР ЗА ТОВАРАЊЕ

Во креирањето на Korando, обрнато е огромно внимание на комфорот при возењето.

Возачот и совозачот имаат удобни седишта со лумбарна поддршка. На задните седишта, патниците имаат богати 850 мм простор за нозете.  Просторот за багаж, може да собере богати 551 литри волумен.

15P_LHD2

А внесувањето багаж во возилото не било никогаш полесно со автоматската задна хауба, која се отвара кога ќе се приближите до неа со смарт клучот.

15P_LHD1 2

ДИМЕНЗИИ, МАСА, ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Новиот Korando е долг – 4.450 мм, широк 1.870 мм и висок 1.629 мм (со вклучени кровни носачи за багаж). Меѓуосовинското растојание му е – 2.675 мм.

Сопствената тежина се движи од 2.010 до 2.250 кг, зависно од изведбата, погонот и нивото на опременост.

Димензии и карактеристики адекватни за еден сериозен семеен SUV, со многу простор и комфор во возењето.

K

Суспензијата на предниот дел е MacPherson, a на задниот дел – независна мулти линк.

Системот за сопирање е изграден од вентилирачки дискови на предната оска и цврсти дискови на задната.

МОТОРИ И ПОГОН

Новиот KORANDO е придвижуван од два агрегати.

Првиот е новиот бензински – 1,5 литарски GDI-Turbo мотор со моќност од 163 коњски сили и вртежен момент од 280 Nm, што гарантира врвни перформанси во класата. Моторот може да биде спарен со мануелен 6 степен менувач, или со автоматски AISIN менувач кои гарантираат лесно и мазно менување на брзините и максимална економичност во поглед на потрошувачката на гориво.

18P_LHD1

Вториот мотор е дизел моторот со зафатнина од 1,6 литри со вртежен момент од 324 Nm, што пак гарантира испорачување на одлични перформанси на секаков терен и услови. И тој е спарен со автоматскиот менувач AISIN кој гарантира точно менување на брзините, одлични забрзувања со задржување на максималната економичност.

20P_LHD5

Моторите, нивната моќност, подвозјето и менувачите му даваат можност на KORANDO во бензинска изведба да влече до 1,5 тони, а на дизел моделот и до 2 тони, што значи дека возилото можете да го искористите и за удобно влечење на вашата приколка или глисер на подолгите патувања и на одмор.

ЕЛЕКТРОНСКИ ПОДЕСИВ ПОГОН

Во новиот Korando, возачот може да го избере модот на возење (NORMAL/SPORT/WINTER) а секоја од избраните опции, комплетно го прилагодува возилото и испорачува соодветни перформанси.

20P_LHD7

При тоа, модот NORMAL – ги балансира потребата за моќ и економично возење и се користи за секојдневно возење. Тој не се регистрира на инструмент таблата.

Модот SPORT – извлекува максимална моќност на возилото, ставајќи ја економичноста во втор план. Кога вртливото копче ќе го свртите на овој мод – истиот се покажува на инструмент таблата.

WINTER – како што кажува самото име, ги испорачува најдобрите перформанси на возилото прилагодени за возење во зима. Возилото веднаш стартува во втора брзина со што се избегнува лизгањето на пневматиците при старт на замрзната подлога.

Моделот со погон на сите тркала ви дава совршен баланс на перформансите и системите во возилото, за совршено возење во сите услови на теренот (on road – off road).

19P_LHD1

Возилата се опремени и со STOP and GO мотори кои автоматски се исклучуваат при подолго мирување на возилото во место (ова не важи за моделите со погон на сите тркала).

БЕЗБЕДНОСТА ВО ПРВ ПЛАН

Најновата генерација на KORANDO, на направениот краш тест на EuroNcap беше крунисан со максимални 5 ѕвездички за безбедност.

Тоа доволно зборува за сериозниот пристап на Корејскот производител во развојот на својот бестселер.

24P_LHD1

Максималната безбедност, доаѓа како резултат на повеќе параметри. Шасијата е најдобра во класата, со 74% од структурата направена од цврст челик отпорен на голем притисок. Моделот е опремен со 6 воздушни перничиња – за возач, совозач, странични перници и воздушни завеси.

21P_LHD1

Моделот е опремен со исклучително паметен (SMART) систем, кој пак е составен од повеќе безбедносни системи како што се – Систем за автономно сопирање во случај на опасност (AEBS), Аларм за безбедна оддалеченост  (SDA), Асистент за држење на возилото во лента  (LKA), Систем за предупредување кога возилото ја напушта коловозната лента (LDWS), Аларм за стартување однапред (FVSA), заедно со помошните алатки за возачот како што се High Beam Assist (HBA) или системот за собирување на долгото светло, Traffic Sign Recognition (TSR) Системот за препознавање знаци на патот и Аларм за внимание на возачот Driver Attention Alert (DAA).

Тука се и системите :

Автономно сопирање во случај на опасност

Оваа функција го предупредува возачот во случај на опасност од фронтален судар, а дополнително ја притиска и сопирачката во обид да се спречи судирот.

22P_LHD4

Предупредување во случај на опасност од фронтален судар

Го предупредува возачот дека се појавило друго возило или пешак на патеката на возилото.

22P_LHD6

Систем за предупредување за излегување од лентата

Го известува возачот кога модулот на предната камера детектира непосакувано напуштање на коловозната лента од страна на возилото.

23P_LHD1

Асистент за држење во лента

Модулот на предната камера помага во спречување на излегувањето од коловозна лента ако е детектирано ненамерно излегување од лентата (кога не е вклучен трепкач за престројување) системот автоматски ќе превземе корективно прилагодување на воланот.

Систем за асистирање при тргнување на угорница и спуштање по надолнина

Кorando ги има и двата ситеми.

Hill Start Assist (помош за стартување на угорница) – кој делува како автоматска рачна сопирачка и ви омага веднаш да тргнете на угорнина.

26P_LHD6

Hill Descent Control (контрола на спуштањето по удолница со кој добивате дополнително сопирање кое ја намалува брзината при спуштање по удолница.

26P_LHD5

И двата системи имаат огромно значење за возачите и придонесуваат за безбедност во возењето.

KORANDO ВО АУТОМАКЕДОНИЈА

Со потпишувањето на договорот за соработка со регионалниот дисрибутер на SSANG YONG, кон крајот на 2019 година, Аутомакедонија стана овластен дилер и сервисер на Корејската марка во Македонија.

Возилата на SSANG YONG доаѓаат со фабричка гаранција од 5 години или изминати 100.000 км.

25P_LHD1

Промотивната, акциска цена на основниот пакет на опрема со клима уред, aлуминиумски тркала и многу опрема, за KORANDO со бензинскиот мотор, почнува од ултра конкурентни во класата – 17.850 евра.

На клиентите им стојат на располагање сите инструменти за купување на автомобил – финансиски и оперативен лизинг, кредит, старо за ново…

Возилата можете да ги видите во салонот во Кисела Вода (Бул. Борис Трајковски 21), а за повеќе информации контактирајте не а тел. 02 3103 263, 3103 265, или побарајте го директно нашиот Бренд менаџер на тел. 071 346 919.

31P_LHD1