DSC_0009

НОВАТА INSIGNIA ПРОМОВИРАНА ВО БИТОЛА

Во жешките утрински часови, тимот на Аутомакедонија пристигна во градот под Пелистер, на првата и официјална премиера на новата OPEL INSIGNIA Grand Sport.

DSC_0078

На Плоштадот Магнолија посетителите имаа можност да ја видат новата ѕвезда и знаменосец на OPEL – сосема новата генерација на Insignia.

TNT_5620

Како и на промоциите во Женева, Белград па Скопје, ѕвездата на ОPEL ja придружуваше и новиот кросовер член на семејството X – возбудливиот ОPEL Crossland X.

DSC_0055

Минувачите не ја криеа својата воодушевеност од надворешниот и внатрешен дизајн на новата луксузна лимузина во палетата на OPEL.

DSC_0013

Застануваа, ја сликаа, разговараа со продажните консултанти на Аутомакедонија, ги впиваа информациите за техничките перформанси  на Insignia-та, новите бензински и дизел мотори, за новите системи (Intellilux светла, Head up дисплеј, Системот за детекција и спречување на удар однапред, системот за препознавање на сообраќајни знаци, седиштата со масажа, инфотејнмент системот…) цената, условите за плаќање…

DSC_0012

Во попладневните часови, на настанот започнаа да пристигнуваат и бизнисмени, функционери, клиенти, колеги, пријатели… кои имаа можност и да ја пробаат новата Insignia по Битолските улички, а за нив беше подготвен и мал коктел во култниот Вино Бар на плоштадот Магнолија.

DSC_0031

Заедничка беше оценката на сите, дека инжинерите на OPEL со новата INSIGNIA GRAND SPORT навистина креирале  вистинско ремек дело кое допрва ќе завладее на улиците во нашата земја.

DSC_0062

Аутомакедонија, во Битола и поширокиот регион е присутна со сопствен сервисен центар, а функционираат и фирмите од Групацијата – Сообраќајниот Испитен Центар “АМ Битола”, АМ Брокер (за сите видови на осигурувања), како и фирмата “АМ ЦЕРТ” која на своите клиенти им нуди – хомологации, атести и други услуги поврзани со дејноста – Мобилитет.

DSC_0024

На крајот, голема благодарност до нашите пријатели од Битола.

DSC_0035

TNT_5615

DSC_0083