Archive84_2

НОВ РЕКОРД ЗА LIQUI MOLY

Германскиот производител LIQUI MOLY, во 2016 година, прокнижи убав пораст на продажбата од 11%  и со тоа постави нов продажен рекорд во својата историја.

По сумирање на резултатите,  Германскиот бренд  констатираше – остварена продажба од 489 милиони евра (11% повеќе од 2015 година), го зголеми  бројот на вработени за 60 нови лица, оствари производство на 80.000 тони подмачкувачи, наполни 14 милиони пакувања…

И додека продажбата во Германија минатата година порасна за 7%, LIQUI MOLY на своите интернационални пазари (меѓу кои и Македонскиот пазар), оствари пораст од 15%.

Меѓународните пазари (кои веќе генерираат две третини од вкупниот промет на брендот) остануваат во фокусот на LIQUI MOLY и се под константен мониторинг и поддршка на 51 лице вработени во менаџирање на извозните пазари.

Според сопственикот на LIQUI MOLY, Ернст Прост, продолжува развојната стратегија на брендот.

И во 2017 година Германскиот производител планира сериозни инвестиции во нов софтвер и нова автоматизација на производниот процес (но во процесот на автоматизација, е зацртана обврската да не се загби ниту едно работно место.)