gallery_big01

МАЛ, КОМПАКТЕН SUV – TIVOLI

Запознајте го новиот компактен SUV на Корејскиот специјалист за оff road возила – TIVOLI, со водечки дизајн и Азиски инжинеринг кој ги комбинира луксузот, стилот и перформансите, по исклучително поволна цена во класата.

Новиот Tivoli е мал SUV креиран да биде елегантен и истовремено практичен.

Во Азиските земји, веќе го изгради својот имиџ и претставува идеален избор за помладата генерација.

8P_LHD1-aangepast

АТРАКТИВЕН НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Предницата е атрактивна, со големи предни светла и дневни светла во лед технологија, кои се втопени во мускулестата странична линија и мускулестиот заден дел, создаден да понуди покомфорен багажен простор, водечки во својата класа.

4P_LHD1-aangepast

И задните стоп светла се изведени во лед технологија.

ex_back_img1

Поопремените модели имаат во стандардниот пакет – магленки, трепкачи интегрирани во ретровизорите, алуминиумски diamond cut 18 инчни тркала.

МОДЕРЕН И СВЕЖ ЕНТЕРИЕР

Внатрешноста на TIVOLI е модерна, практична и совршено балансирана. Опремена и изработена во технологија и со опрема која може да ја најдете во двојно поскапите модели од конкурентните брендови.

interior_img1

Предната маска е ергономична, модерна и корисна. Борд компјутерот ги покажува километрите, притисокот во гумите, изминатата километража, преостанатите километри – до празен резервоар на гориво и надворешната температура.

smart-cluster

Инструмент кластерот (покажувачот) ви дава можнос да ја менувате бојата согласно Вашето расположение.

Седиштата се покриени со текстилна покривка, а може да се порачаат и во кожена изведба со греење и со различни бои и рабови.

in_2

Во поопремените модели можете да добиете и двозонска клима со која ќе ја наместите совршената температура на возачкото и совозачко место.

DEEP CONTROL – БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ

safety_img4

Новиот TIVOLI е опремен со многу безбедносни системи кои се грижат за одлична безбедност во сообраќајот.

Од најновите мудри системи, TIVOLI поседува :

Систем за предупредување во опасност од фронтален судир

Го предупредува возачот кога пред возилото се појавува друго возило или пешак со што директно влијае на безбедноста во сообраќајот.

Систем за предупредување ри излегување од лента

Го предупредува возачот кога возилото ја напушта коловозната лента  – несакајќи, односно – кога се престројува без да е вклучен трепкачот.

Систем за покривање на мртов агол

Го препознава движењето на друго возило во мртвиот агол и предупредува преку трепкање – во трпкачите сместени на страничниот ретровизор.

Аларм за враќање назад

Го алармира возачот за појавување на пречка при враќање назад.

Систем за автономно запирање

При детектирање на друго возило или пешак, системот автоматски ќе ја намали гаста на возилото и ќе притисне на сопирачките.

Систем за држење коловозна лента

Го користи системот на камерата за да ги детектира обоените линии на коловозната лента. Ако се примети потег на воланот за излегување од лентата, без претходно да се сигнализира со трпкачите намера за престројување, системот ќе ве врати во коловозната лента преку серво воланот.

Асистент за менување лента

Ако сакате да ја смените коловозната лента – додека зазд вас на околу 70 метри имате друго возило, системот ќе предупреди преку активирање на трепкачие и преку испуштање на посебен алармен сигнал.

Асистент за долго светло

Препознава кога од спротивната насока ви се приближува друго возило, и автоматски го спушта долгото светло со што се избегнува заслепување на другите учесници во сообраќајот.

Препознавање на сообраќајни знаци

Системот ги препознава сообраќајните знаци на патот и ги проектира на инструмент таблата.

Воздушни перничиња

Поопремените модели се опремени со 7 воздушни перничиња, најмногу во класата. Дури има и перниче за колената, што може како стандардно да се најде само во возилата од повисоката класа.

airbag

ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

Новиот TIVOLI може да биде придвижуван од модерните EURO VI бензински и дизел мотори.

Бензинскиот GDI-Turbo мотор е со зафатнина од 1,5 литри (163 коњски сили и вртежен момент од 280 Nm).

Дизел агрегатот е пак, еколошки, со зафатнина од 1,6 литри и моќност од 136 коњски сили при вртежен момент од 324 Nm.

usp3

Покрај мануелниот, моторите во Tivoli можете да ги спарите и со 6 степенскиот AISIN автоматски менувач.

Моделот е долг 4.195 мм, широк 1.795 мм, висок 1.590 мм, со межуоскино растојание од 2.600 мм, што нуди одличен комфор при возењето. Багажникот може да извлече и капацитет од 427 литри.

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Стандардната изведна на ТIVOLI е со погон на предните тркала, но малиот урбан SUV може да го порачате и со погон на сите тркала со Multi link задна суспензија.

tivoli-banner

ТIVOLI ВО АУТОМАКЕДОНИЈА

Со потпишувањето на договорот за соработка со регионалниот дисрибутер на SSANG YONG, кон крајот на 2019 година, Аутомакедонија стана овластен дилер и сервисер на Корејската марка во Македонија.

Возилата на SSANG YONG доаѓаат со фабричка гаранција од 5 години или изминати 100.000 км.

exterior

Промотивната, акциска цена на основниот пакет на опрема со клима уред и многу опрема, за TIVOLI со бензинскиот мотор, почнува од ултра конкурентни во класата – 15.710 евра.

На клиентите им стојат на располагање сите инструменти за купување на автомобил – финансиски и оперативен лизинг, кредит, старо за ново…

Возилата можете да ги видите во салонот во Кисела Вода (Бул. Борис Трајковски 21), а за повеќе информации контактирајте не а тел. 02 3103 263, 3103 265, или побарајте го директно нашиот Бренд менаџер на тел. 071 346 919.

usp1