lm shop3

LIQUI MOLY SHOP

Аутомакедонија, на барање и задоволство на клиентите, го отвори својот прв “LIQUI MOLY Shop” во продажно сервисниот комплекс во Кисела Вода (на бул. Борис Трајковски).

Сега, сите љубители на Германскиот бренд LIQUI MOLY, на едно место може да ги најдат моторните масла, масла за менувач, адитиви за масло, гориво, сервисни препарати и спрејови, козметички препарати… од единствениот производител на светот кој целото свое производство го прави во Германија.

lm shop2

Квалитетот на премиум брендот LIQUI MOLY е препознаен од Германските возачи, кои неколку години по ред ги бираат производите на фабриката од Улм за “Најдобар бренд во својата класа”.

Секако, новоотворениот продажен објект на Аутомакедонија покрај производите на Liqui Moly на клиентите ќе им понуди и исклучително атрактивни цени за оригинални делови од палетата на Opel и Chevrolet, резервни делови за сите видови и марки на возила, аксесоари, гуми…

lm shop1

Во новиот LIQUI MOLY Shop може да се користат кредитни картички како и Клуб картичката на Аутомакедонија.

За повеќе информации, посетете го објектот на Аутомакедонија или јавете се на тел. 071 356 406