thumbnail

ISUZU ANADOLU СО НАГРАДА ЗА АУТОМАКЕДОНИЈА

На традиционалната годишна средба на дистрибутерите од целиот свет на ISUZU Anadolu којa се одржа од 13-15 Јануари 2020 година во Истанбул, на официјалниот претставник и генерален директор на Аутомакедонија, м-р Зоран Дочински, му беше врачена наградата :

  • Најдобри иновативни проекти во 2019 година

thumbnail (1)

Признанието на Аутомакедонија, како ексклузивен импортер, дистрибутер и сервисер на ISUZU за Македонија и беше врачено за одличните резултати во првата година од меѓусебната соработка и за испорачаните нископодни градски автобуси на компримиран природен гас (CNG) кои се вистински хит во регионот – поради еколошките перформанси и максималната заштита на животната средина.

На средбата присуствуваа најзначајните лица во групацијата Anadolu Group, која покрај Isuzu во Турција е сопственик и на бизнисите со Efes Pilsen, McDonalds, Kia, супермаркетите Migros…

Mеѓу истакнатите говорници, дистрибутерите ги поздрави и претседателот на одборот Тунчаи Озилхан, кој го истакна одличните извозни резултати на Isuzu и првото место во Турција за што им се заблагодари на сите присутни во салата.

thumbnail (3)

Останатите говорници меѓу кои и директорот на Isuzu Anadolu, г-дин Тугрул Арикан, ја презентираа визијата за брендот, новите очекувања и таргети и новите производи и технологии кои ќе бидат применети на автобусите на Isuzu.

Особено внимание кај присутните предизвикуваа новите решенија во сферата на алтернативен погон, пред се моделите на CNG како и најновиот автобус на електрична енергија – Novo Citi Volt.

thumbnail (4)

Аутомакедонија, во нашата земја, во 2019 година со автобусите на ISUZU оствари маркет шер од 39%