ISUZU АВТОБУСИ ВО МАКЕДОНИЈА

Аутомакедонија го потпиша договорот за соработка со индустрискиот џин ISUZU и ја надополни својата понуда за моторни возила на пазарот со атрактивните и функционални автобуси.

Палетата на автобуси на ISUZU е составена од 2 клучни сегменти – туристички и урбани / интерурбани автобуси.

Туристичките автобуси на ISUZU може да се најдат во неколку изведби (модели) со различен капацитет на седишта /  патници, различен изглед и нивоа на опременост.

Категоријата на туристичките автобуси започнува со моделот – NOVO.

ISUZU NOVO

Koмпактен во своте димензии, со должина од 7.305 мм, широчина од 2.282 мм, и максимална висина од 3.350 мм, моделот NOVO е стартниот автобус во кој може комфорно да се превезуваат 27 патници + возач.

novo-04

Автобусот го придвижува економичниот и долговечен дизел мотор на ISUZU што ги задоволува строгите EURO VI норми, со зафатнина од 5.193 ccm и моќност од 190 коњски сили.

Моторот е идеално спарен и со менувачот на ISUZU со 6+1 брзина.

Со минималниот радиус на вртење од 6.450 мм и огромната прегледност при возењето, автобусот NOVO има одлични перформанси за употреба во урбани средини со тешки услови за маневрирање.

novo-03

За безбедноста при возењето се грижат напредните системи – сопирање со ABS, системот за контрола на стабилноста ESC, а автобусот е опремен и со стандарден клима уред.

novo-06

ISUZU NOVO ULTRA

Kaко поопремена верзија на основниот модел, автоусот NOVO ULTRA е одлично решение за превоз на 27 патници + возач + совозач.

novoultra-02 (1)

ISUZU TURQUOISE

Moделот TURQUOISE од палетата на ISUZU е веројатно најпознатиот, мал автобус од категроијата на туристички автобуси на ISUZU.

turkuaz-03-en

Oд своите претходници се разликува во дизајнот и димензиите (должина – 7.720 мм, широчина – 2.320 мм, максимална височина – 3.330 мм и меѓуоскино растојание од 3.815 мм).

Во поглед на капацитетот на патници – тој е идеално димензионира за 28 патници + возач + совозач.

turkuaz-07-en

Лесен е за управување, со одлични возни својства и идеално искомбинирани мотор на ISUZU со зафатнина од 5.193 ccm и 190 коњски сили и менувач на ISUZU со 6+1 брзина.

ISUZU VISIGO

Кога зборуваме за туристичките автобуси, прв на листата, секако е VISIGO.

visigo-02

Moќниот VISIGO e идеално скроен туристички автобус за превоз на 37 патници + возач + совозач.

Го движи моќен EURO VI дизел мотор со зафатнина од 6.700 ccm, и моќност од 244 коњски сили.

visigo-01a

Опремен е со автоматски ZF менувач.

Системот за сопирање е опремен со дискови на предната и задната оска, искомбинирани со напредните системи – АBS, ASR, EBS, ESC, Турбо сопирачка и ретардер.

visigo-01

Во VISIGO се вградени многу елементи на опремата кои ќе им овозможат комфорни и релаксирани патувања на патниците на долги релации.

ISUZU NOVOCITY

Палетата на градски автобуси на ISUZU започнува со моделот – NOVOCITY.

novociti

Со максимална должина од 7.502 мм, широчина од 2.275 мм, висина 3.332 мм и меѓуоскино растојание 3.385 мм, NOVOCITY е одлично решение за превоз на 54 патници (21 седиште + 33 патници на стоење).

Тоа го прави одлично решение за помали општини, со помало население и различни транзитни рути.

novociti-05n

Вратите се двокрилни и се отвараат нанадвор, а автобусот може да биде опремен и со рампа и позиција за инвалидизирани патници.

novociti-04n

ISUZU CITIBUS

Моделот CITIBUS e одличен градски автобус со должина од 9.515 мм кој во верзијата со три врати може да апсорбира 74 патници (17 со седење и 57 со стоење).

citibus-en-02

Опремен е со диск кочници на предната и задната оска, со АBS и ASR системи кои гарантираат одлична безбедност за патниците и останатите учесници во урбаниот сообраќај.

Моторот е економичен, Турбо дизел мотор на ISUZU со максимална моќност од 210 коњски сили.

citibus-en-03

ISUZU CITIPORT

Последен и најдобар во својата класа на градски автобуси е CITIPORT со должина о 12.030 мм, широчина 2.550 мм и максимална височина од 3.136 мм.

citiport-en-02

Со своите големи димензии тој може да апсорбира максимална бројка од 103 патници и е идеално решение за градските средини.

За својот дизајн и перформанси, во 2015 година CITIPORT беше избран за Најкомфорен и Најергономичен автобус во Европа.

citiport-en-01

Опремен е со 6 цилиндричен дизел мотор со зафатнина од 6.700 ccm и 280 коњски сили што ги задоволува строгите EURO VI норми на издувните гасови и го прави пријателски настроен автобус кон воздухот и средината во која оперира.

citiport-04

Нискиот под го прави идеален за влез на патниците, а особено и за инвалидизираните лица.

citiport_3

За повеќе информации околу автобусите на ISUZU, јавете се на тел. 02 3103 130 или 070 35 88 06 и закажете состанок со нашите продажни консултанти.

Во соработка со партнерот ISUZU, наскоро ќе биде организирана и специјална промоција со тест возење што е идеална можност да ги видите и пробате автобусите.