_S4P4763

АУТОМАКЕДОНИЈА СО ДВА ФИНАЛИСТИ

Во финалето на традиционалниот, оваа година и јубилеен 25-ти по ред избор “Автомобил на годината” во Македонија,  влегоа два модели од понудата на Аутомакедонија.

Се работи за новите генерации на :

  • Opel Corsa и
  • Ssang Yong Кorando

Тест моделите, заедно со претставниците на Аутомакедонија : Ристе Мечкаровски, бренд менаџер на Ssang Yong и Андреј Китановски, продажен консултант за Opel, беа дел од убавото дводневно дружење по избраната траса во Македонија

На одлично организираната неформална дружба, нашите колеги заедно со реномираните автомобилистички новинари во земјата и колеги од другите авто куќи, можеа да ги тестираат сите автомобили финалисти на изборот и да разменат мислења, искуства и идеи.

Oстанува уште завршното гласање по кое ќе се дознаат и победниците во националниот избор на Автомобил на годината.