FB_IMG_1583238969514

6 АВТОБУСИ ЗА РЕК БИТОЛА

На денешната прес конференција, одржана во просториите на AД ЕСМ во Скопје, беше свечено потпишан договорот за набавка на 6 автобуси, на компримиран природен гас (CNG) за потребите на РЕК Битола.

Договорот за еколошките автобуси, како резултат на отворената постапка за јавна набавка,  го потпишаа – директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, и директорот на Аутомакедонија – м-р Зоран Дочински.

Генералниот директор на АД ЕСН, м-р Васко Ковачевски – појасни дека новите автобуси ќе ги заменат старите и дотраени автобуси во компанијата, и секојдневно ќе ги превезуваат вработените во РЕК до нивното работно место.

FB_IMG_1583238978519

Автобусите на природен гас сериозно ја намалуваат емисијата на ПМ честички и штетните гасови во воздухот, со што директно ќе влијаат на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Ова е втората поголема испорака на автобуси со погон на CNG. Минатата година, Аутомакедонија испорача четири автобуси за градски превоз на природен гас и на Јавното претпријатие за просторно и урбано планирање во Прилеп, со кои секојдневно се врши превоз на патници.

FB_IMG_1583238975462

Директорот на Аутомакедонија, ја поздрави одлуката на РЕК Битола, пред се, за набавка на еколошки автобуси на CNG и потенцираше дека како фирма се подготвени да обезбедат задоволување на потребите на нашите граѓани и на државните институции кои се определуваат за современи и еколошки одговорни опции за превоз.

Автобусите за кои беше потпишан договорот, се од марката ISUZU, еден од најпознатите и најголемите производители на камиони, автобуси и мотори во светот.