opel_astra_hatchback_park_assistent_1024x440_as17_e03_333_ons

500.000 ПОРАЧКИ ЗА OPEL ASTRA

Новата генерација на OPEL ASTRA, која беше прогласена за Автомобил на годината во 2016, неодамна прокнижи 500.000 порачки во Европа.

Новата генерација на ASTRA којa за прв пат беше претставенa на автомобилскиот саем во Франкфурт во 2015 година, моментно го држи второто место според продажбата во својата класа во Европа, како и второто место во продажбата во Германија.

opel_astra_design1_1024x440_as16_e01_231

Во новата ASTRA која со право ја носеше пораката – “Ја вознемирува високата класа” се сместени многу иновативни системи на OPEL како што се – IntelliLux LED® matrix светлата, одличниот инфотејнмент систем што овозможува квалитетно поврзување на возилото со смарт телефонот, Оpel Eye камерата што ги препознава сообраќајните знаци на патот, бројните безбедносни и комфорни елементи.

opel_astra_hatchback_led_lights_1024x440_as17_e02_255_ons

Новата ASTRA можете да ја изберете во две каросериски изведби – како спортски пет вратен хечбек модел или во нејзината караванска “Sports Tourer” варијанта.

opel_astra_opc_line_sport_1024x440_asopcl17_e01_400

Во моментов, новата ASTRA можете да ја видите и набавите во Аутомакедонија со одлични услови на финансирање, бесплатни 2 години одржување и сервис, 4 годишна гаранција, 4 годишна бесплатна помош на пат и со многу други поволности.

opel_astra_hb_360_view_1024x440

Информации на телефон – 02 3103 130