Opel-Grandland-X-504581

100.000 ПОРАЧКИ ЗА GRANDLAND X

Само една година по официјалното лансирање, новиот SUV во палетата на OPEL, атрактивниот GRANDLAND X веќе прокнижи одлични 100.000 порачки и целосно го оправда оптимизмот на германските менаџери.

Дури 25% од порачките доаѓаат од Германија, каде беше и официјално предаден Grandland-от број 100.000 на г-ѓата Антје Финк, во градот Ајзенах.

Моделот OPEL Grandland X, согласно одлуката на менаџментот на OPEL од 2019 година ќе се произведува токму во фабриката на OPEL во Ајзенах.