MIL_9237

УБАВ ДЕН ВО AUTO ONE

Компанијата ќерка на Аутомакедонија, “Auto One” која од минатата, 2015 година, оперира на пазарот во Република Србија како овластен дилер и сервисер на OPEL, на новиот партнер и клиент, фирмата Хеманис од Ниш и ја испорача првата посериозна флота од 11 возила.

Комерцијалистите на Хеманис од вчера, може да ги извршуваат своите работни задачи со атрактивните и функционални градски автомобили – OPEL CORSA, со пет врати, конструиран товарен дел и фабрички вграден плински уред.

Црвените Корси, секојдневно ќе циркулираат низ патиштата и булеварите во Србија и ќе ги испорачуваат производите на Хеманис до потрошувачите.

На свеченото примопредавање на флотата во Auto One, присуствуваа вработените во продажниот и постпродажен сектор, членови на менаџерскиот тим на Аутомакедонија, претставник на канцеларијата на OPEL во Србија, како и сопствениците и менаџери на фирмата Хеманис – г-дин Дејан Ѓорѓевиќ, генерален директор и двата извршни директори – г-ѓа Славица Малетиќ Ѓорѓевиќ и г-дин Бојан Ѓорѓевиќ.