DSC_7017[1]

ПРОМОЦИЈА НА НОВАТА INSIGNIA

Продажниот тим на Аутомакедонија поддржан од регионалната канцеларија на OPEL, организираше неформален промотивен настан за новата INSIGNIA Grand Sport.

DSC_7005[1]

На промоцијата што се одржа во Скопје, нa 07.12.2017 година, беа поканети петнаесетина клиенти, потенцијални купувачи на новата INSIGNIA.

DSC_6978[1]

Гостите се собраа во салонот на Аутомакедонија во населбата Автокоманда, во договореното време, 18:30.

DSC_7023[1]

Специјално за нив беше одржана кратка презентација на новата INSIGNIA на која беа потенцирани сите предности на најзначајниот автомобил во палетата на OPEL.

DSC_7073[1]

По завршување на презентацијата, посетителите имаа можност да направат тест возење на три опремени тест модели на OPEL INSIGNIA по однапред дефинирана патека.

DSC_7093[1]

Тест возењето беше концепирано за да се почувсвтвуваат сите карактеристики на моделот – на автопат, во урбана средина како и по тесната патека на Водно.

DSC_7114[1]

Беа намерно избрани и вечерните часови, за подобро презентирање на врвните интелилукс лед матрикс светла вградени во новата INSIGNIA кои автоматски го прилагодуваат снопот светлина на условите на патот.

DSC_7111[1]

Тест возењето заврши со мала закуска, пријателско дружење и размена на впечатоци во Македонско село на падините на Водно.

DSC_7120[1]

По закуската, гостите се упатија назад кон салонот на Аутомакедонија, каде добија и мал подарок, како спомен на овој убав настан.

DSC_7130[1]

DSC_7134[1]

DSC_7140[1]

DSC_7160[1]

DSC_7157[1]

DSC_7162[1]

На убавата вечер и дружење, како и на тест возењето, дел од посетителите се уверија во компаративните предности на новата OPEL INSIGNIA, а некои од нив, истата вечер, побрзаа да го изберат својот нов автомобил од високата класа.

DSC_7163[1]

Учесниците на настанот не го криеја своето задоволство од организацијата и побараа од менаџментот на Аутомакедонија да го повторува и претвори во традиција ова убаво дружење.

DSC_7172[1]

DSC_7179[1]

DSC_7188[1]

DSC_7198[1]