20180130_130112 2

ПРИЗНАНИЕ ЗА АУТОМАКЕДОНИЈА

Регионалниот менаџер на LIQUI MOLY, г-дин Тарек Гали при официјалната посета на Скопје, на генералниот директор на Аутомакедонија, Зоран Дочински, му  врачи специјално признание за успешно завршената 2017 година.

Сертификатот на кој пишува – “Признание за врвни продажни перформанси во 2017 година” заедно со личната честитка и порака од генералниот директор на LIQUI MOLY – г-динот Ернст Прост, беа убава порака за тимот на Аутомакедонија на почетокот од новата 2018 година.

Ова убаво признание доаѓа како резултат на успешно завршената 2017 година во која Аутомакедонија, споредено со претходната, 2016 година, ја зголеми својата продажба на производите на Германскиот бренд LIQUI MOLY за одлични 20%.

За време на тридневната посета на Македонија, регионалниот претставник на LIQUI MOLY и менаџерскиот тим на Аутомакедонија, ги дефинираа стратешките чекори за задржување на позитивниот тренд во продажбата, како и за дополнително зајакнување на мрежата и брендот.

Дополнително, за членовите на инжинерскиот тим на Аутомакедонија, беше организирана и спроведена специјална обука за паплетата, производите и новините на LIQUI MOLY.

LIQUI MOLY, осми пат по ред, во анкета која ја спроведуваат најпознатите автомобилски списанија во Германија, е избран за Најдобар бренд во својата класа.