20150226_7968

ПРЕТСТАВЕНА НОВАТА CORSA ВО МАКЕДОНИЈА

На ексклузивен начин, во интересен и необичен амбиент, OPEL ја претстави новата OPEL CORSA пред Македонската јавност.

20150226_7968

На настанот кој се одржа во Скопје, на врвот од катната гаража “Mакедонска Фаланга” беа поканети истакнати гости, пријатели, клиенти и новинари кои имаа можност за прв пат да го видат адутот и бестселерот во класата на мали градски автомобили.

20150226_7715

 

Пред присутните зборуваше и официјалниот претставник, директорот на регионалната канцеларија во Белград г-дин Драган Ненадовиќ,кој зборуваше за сите промени и унапредувања на моделот од дизајнерски, безбедносен и технолошки напредок, на новата генерација на OPEL Corsa,

20150226_7729

Беа истакнати сите предности, карактеристики и модерни новини (изразени пред се во новиот дизајнерски пристап, напредните и економични бензински и дизел мотори, атрактивниот Intellilink инфотејнмент систем со кој новите сопственици на Corsa ќе можат лесно да се поврзат со своите мобилни смарт телефони), а кои дефакто и ја донесоа титулата Auto Best автомобил за 2015 година.

20150226_7949

 

По свеченото претставување на моделот, сите посетители и пријатели на брендот имаа можност да уживаат во пријатниот коктел, а беше најавена и можноста во следните денови да се пријават за тест возење во дилерството на Аутомакедонија во Скопје.

20150226_7958