untitled-8307

ПРЕМИЕРА НА НОВАТА INSIGNIA

Новата, спектакуларна OPEL INSIGNIA Grand Sport, пристигна во Македонија и сосема очекувано предизвика огромен интерес кај публиката.

Новата ѕвезда на OPEL, како и што прилега, беше претставена на блескавиот евент организиран во новиот луксузен хотел Парк во Скопје.

untitled-8323

Пред неколку стотици гости, клиенти и потенцијални купувачи, беше официјално промовирана новата INSIGNIA, која плени со својот надворешен и внатрешен дизајн, квалитет на материјалите и на изработката, одличниот и функционален инфотејнмент систем, големиот избор на стандардна и опционална опрема.

untitled-8233

Гостите беа воодушевени од новата INSIGNIA, воопшто не го криеа своето задоволство и веднаш побараа од продажните консултанти и менаџери на Аутомакедонија да се запишат во листата за пробно возење.

Пред гостите, во своето обраќање, регионалниот директор на OPEL, г-динот Драган Ненадовиќ ги истакна сите новини и компаративни предности на новиот знаменосец на OPEL.

untitled-8381

Одличната, неочекувано поволна цена на новата луксузна лимузина, вистинско ремек дело на Германските инжинери, дополнително ги возбуди страстите.

untitled-8385

untitled-8540

untitled-8396

untitled-8637

Настанот, како и на Саемот за автомобили во Женева, беше искористен да се претстави и втриот член на семејството X, новиот кросовер на OPEL што го носи името Crossland X.

untitled-8167

За повеќе информации околу новата Insignia и за закажување на пробно возење, посетете го салонот на Аутомакедонија или јавете се на тел. 02 3103 130