cq5dam.web.1280.1280-5

Презентирана новата OPEL CORSA

На неодамна завршениот Саем за автомобили во Париз, Германскиот производител OPEL ја претстави новата генерација од својот бестселер на сите времиња – новата Corsa.

cq5dam.web.1280.1280 (2)Презентацијата на долгоочекуваната Corsa која сега ги носи препознатливите дизајнерски линии на новата генерација на автомобили од палетата на OPEL, ја направи генералниот директор (CEO) на OPEL, д-р Карл Томас Нојман, кој на жешката сцена во Париз беше придружуван и од атрактивната модна икона Клаудиа Шифер.

cq5dam.web.1280.1280-6

Супермоделот Шифер за новата Corsa изјави дека изгледа шик, дека со нетрпение очекува да учествува во новите рекламни кампањи за овој супер модерен автомобил и дека е навистина среќна што новата Corsa се претставува токму во лулката на модата – Париз.

Новата Corsa во нашата земја се очекува да пристигне на почетокот на следната година. Дотогаш, OPEL ја продолжува непобедливата кампања за постоечкиот модел, кој во полно ниво на опрема, со 5 врати и бензински мотор можете да го добиете за само 8.990 евра!