PRILEP

Предадени 4 автобуси во Прилеп

Аутомакедонија, на претставниците на Јавното претпријатие за урбано планирање во Прилеп, во свечена атмосфера им испорача четири автобуси за градски превоз на природен компримиран гас (CNG) од производителот ISUZU.

PRILEP 2

Четирите автобуси од моделот CITIPORT, со должина од 12 метри секојдневно ќе го извршуваат градскиот превоз во Прилеп.

На церемонијата присуствуваа и претставници на фабриката на ISUZU, кои на претставниците на јавното претпријатие им честитаа на изборот, а на градоначалникот на Прилеп му врачија благодарница и симболичен клуч од автобусите на природен гас, кои ги задоволуваат строгите Euro VI норми и комплетно го штитат воздухот и животната средина.

PRILEP

Ова е втората поголема испорака на автобуси на Аутомакедонија во 2019 година. На почетокот на годината беа договорени и испорачани уште три автобуси CITIPORT придвижувани на економичните Euro VI дизел агрегати, на операторите на Скопскиот аеродром – ТАВ .