На 16 октомври, 2017 година, официјално беше потпишан и разменет договорот за соработка со компанијата ISUZU Anadolu, со што Аутомакедонија стана овластен увозник, дистрибутер и сервисер на автобусите од палетата на ISUZU.
На свеченото потпишување присуствуваа членовите на врвниот менаџмент на Аутомакедонија, предводени од генералниот директор, м-р Василевски Зоран, како и врвниот менаџмент на ISUZU одговорен за продажните и сервисни активности во Европа.
За свечено одбележување на почетокот на соработката, партнерите од ISUZU донесоа и три автобуси за презентација и проба во новиот камионски сервис на Аутомакедонија во Скопје, а подготвена е и специјална промотивна акција со неверојатно поволни цени за првите купувачи на ISUZU во земјата.
На свеченото отворање на сервисниот центар и презентацијата на автобусите на ISUZU, присуствуваше и амбасадорот на Јапонија во нашата земја, г-ѓа Кеико Ханеда.
ISUZU располага со атрактивна палета на мали автобуси за градски и меѓуградски превоз на 27 и повеќе патници, како и со одличен избор на градски автобуси со одлични перформанси и мотори со високите Euro VI норми.
За повеќе информации за палетата на ISUZU, кликнете тука.
Или, јавете се на телефонскиот број 02 3103 265, 3103 130