Атрактивниот пикап на ISUZU, новиот D-Max, го доби престижното признание на списанието What Van? и беше избран за пикап на годината 2018.
Новата генерација на D-Max со моторот од 1.9 литри кој ги задоволува високите Euro 6 стандарди а притоа не користи Ad Blue, ја задржа својата моќност од 163 коњски сили, влечната сила од 3,5 тони, како и сопствената носивост (во задниот дел од пикап просторот) од над 1 тон.
Oвие атрибути го издвоија во селекцијата и го поставија на победничкиот пиедестал над конкурентите во класата.