Opel_Insignia_GS_Downloads_1024x440_ins18_e01_015

ПЕТ ЅВЕЗДИ НА КРАШ ТЕСТ ЗА INSIGNIA

Euro NCAP го потврди високото ниво на целокупната концепција за безбедност на новата Opel Insignia. Со последните проценки, Euro NCAP, им додели на Insignia Grand Sport и Insignia Sports Tourer максимални пет ѕвезди.

Новиот предводник на Opel постигна високи резултати во секоја од проценките по категориите – заштита на возрасни патници, на деца, на пешаци и ситемите за асистенција за безбедност. Во коментарите во врска со претставувањето на новата Insignia во краш тестовите, Euro NCAP обрна особено внимание на два од иновативните системи за безбедност на возилото. Првиот од нив е новиот активен капак на моторот, кој во случај на удар се крева во милисекунди и на тој начин обезбедува поголема оддалеченост до моторот и подобра заштита на пешаците- „дејствува ефективно кај различна големина на пешаците во широк опсег на брзини “. Напредниот систем за автоматско принудно запирање (Automatic Emergency Braking), кој може да детектира пешаци, како и други автомобили  и пречки – “се претставува добро и при висока брзина демонстрира исклучителни квалитети, со спречување или намалување на последиците од инциденти.”

– Најдобро оценети од Euro NCAP одделните компоненти за безбедност во новата Insignia формираат комплетен сигурносен состав, забележува директорот за продажба и постпродажб, Петер Косперт. “Но, безбедноста кај Opel не е квалитет само за нашиот предводник и најновите членови на нашата палета на производи, Crossland X и Grandland X, исто така нудат високи технологии за безбедност. Впрочем, како што вели нашатат нова порака, „иднината им припаѓа.“

Во прилог на активниот хауба и автоматското помошно сопирање, новата Insignia импресионира со бројни ултрамодерни системи за асистенција. Ниту еден друг автомобил во класата не нуди толку широк спектар на паметни технолошки решенија како новата генерација на предводникот на Opel.

Teкстот е превземен од : www.avtoplus.mk