DSC_0007

ОТВОРЕН НОВИОТ ISUZU ЦЕНТАР

На 20ти Мај, 2015 година, Аутомакедонија, во присуство на голем број гости, клиенти и пријатели на куќата, свечено го отвори новиот продажно сервисен центар за ISUZU во Македонија.

Новиот ISUZU комплекс на Аутомакедонија е сместен во населбата Кисела Вода, на ул. Борис Трајковски, во непосредна близина на спортскиот центар Расадник.

DSC_0002

На свеченото отворање, присуствуваше исклучително висока делегација на ISUZU предводена од претседателот на ISUZU Motors Europe, г-динот Масајуки Мурата, придружуван од членот на врвниот менаџмент на ISUZU за Европа, г-ѓата Хикари Танабе и нивниот преставник за Европа – г-динот Роберто Брендаља.

IMG_0938

Видно возбуден, г-дин Мурата пред присутните гости и новинари, не го криеше своето задоволство што ISUZU за првпат влегува на Македонскиот пазар, преку овластениот увозник, дистрибутер и сервисер за Македонија – Аутомакедонија.

-“Морам да признаам и дека е малку чудно, што ISUZU, како глобален играч  присутен во повеќе од 100 земји, не бил присутен на Вашиот македонски пазар. Од друга страна, многу ми е драго што сме сега и овде да ја исправиме оваа грешка.” – изјави Претседателот на ISUZU пред присутните гости.

IMG_0789

Свое обраќање пред присутните гости имаше и генералниот директор на Аутомакедонија, м-р Зоран Василевски, кој го истакна своето задоволство што еден од најзначајните и најстари производители на возила од Јапонија, влегува во понудата на фирмата со комерцијални и товарни возила со врвен, премиум квалитет и одлични перформанси идеално скроени за нашиот пазар.

IMG_0954

На свечената церемонија збор зема и Министерот за странски инвестиции, г-дин Горан Мицковски, кој ја поздрави идејата за лансирање на проектот на ISUZU во Македонија и им посака многу успех и одлични резултати во работата на сите инволвирани страни.

DSC_0104

За прв пат, официјално, пред македонската јавност беше презентиран и одличниот пикап камионет ISUZU DMax, кој предизвика одлични реакции кај присутните и гостите.

IMG_0861

Атрактивен, моќен, мултифункционален, пикап камионетот ISUZU DMax со погон на сите тркала, со комплетни пакети на безбедносна опрема и моќниот, економичен ISUZU дизел агрегат од 2,5 литри зафатнина и моќност од 163 коњски сили, веќе може да се најде во салонот на Аутомакедонија.

Регистрирано е и првото демо возило DMax кое заинтересираните клиенти веќе може да го видат и пробаат во салонот на Аутомакедонија, со што директно ќе се уверат во возните перформанси на атрактивниот пикап.

IMG_0795

Во палетата на ISUZU се вбројуваат и комерцијалните возила со вкупна маса од 3,5 до 12 тони на кои продажниот и сервисниот тим на Аутомакедонија, самостојно и во соработка со домашни и странски компании на своите клиенти ќе им понуди богат избор на надградби. Повеќе за палетата на ISUZU можете да прочитате на следниот ЛИНК.

Високата делегација на ISUZU си замина од Македонија со одлични импресии и големи очекувања од своите нови Македонски партнери, како во областа на продажбата, така и во областа на сервисната поддршка на своите клиенти во овој регион.

IMG_1089

По свечените говори на присутните, за забавата, се погрижи нашата музичка рок легенда, Влатко Стефановски.

DSC_0009

IMG_1030

 

IMG_0990

IMG_1066

IMG_1017