DSC_0193

НОВ КАМИОН ЗА ФЛОТАТА НА “MAYA”

Македонскиот пазар за производство и дистрибуција на вода за пиење, доби нов играч – компанијата “MAYA” од Гари, со ултра модерна фабрика и сериозен бизнис потенцијал.

Сопственичко менаџерскиот тим на Maya, ги препозна сите компаративни предности на камионите од палетата на Јапонскиот производител ISUZU како и обезбедената техничка поддршка во Аутомакедонија, и својата флота ја опреми со одличниот и функционален камион со бруто маса од 7,5 тони.

DSC_0183

Камионот е опремен со економичен ISUZU  дизел мотор со зафатнина од 3.0 литри и моќност од 150 коњски сили кој ги задоволува строгите европски Еуро 6 норми на издувна емисија.

DSC_0184

Камионот на ISUZU е опремен со напредните безбедносни системи : ABS – Против блокирачки систем за сопирање, EBD – електронска дистрибуција на силата при кочење , ESC – Електронски систем за контрола на стабилност, ASR – Систем за контрола на пролизгувањето, LDWS- систем за предупредување при напуштање на лентата на патот, воздушни перничиња – за возач и сопатник…

DSC_0201

Дополнително, камионот – за природата на својата работа е надграден и со товарен сандак со церада и арњеви, како и со супериорната утоварна рампа DHOLANDIA.

DSC_0190