89543314_2680502978847945_7085258186428514304_n

НОВИОТ СЕРВИС ЗА ГУМИ

Аутомакедонија го пушти во функција новиот сервис за промена, балансирање и поправка на гуми во комплексот во Кисела Вода (Булевар Борис Трајковски бр. 21) во непосредна близина на спортската сала Расадник.

Како овластен увозник и дистрибутер на гумите од брендовите – BRIDGESTONE, FIRESTONE и DAYTON во сервисот на Аутомакедонија овие гуми можете да ги добиете по одлични цени и услови на плаќање.

Центарот е опремен со најнова опрема на Италијанскиот производител RAVAGLIOLI, а функционира и специјалната опрема за подесување геометрија на тркалата (центрирање) од истиот производител.

За максимален комфор на клиентите – Аутомакедонија ја нуди и услугата – Хотел за гуми.

Цените на гумите во Аутомакедонија можете да ги најдете на следниот ЛИНК.

Во комплексот, кој функционира како мултибренд сервис, можете во исто време да направите и комплетен сервис, дијагностика на вашето возило од било кој бренд и марка, сервис на клима уредите.

Во комплексот се стационирани и фирмите АМ ЦЕРТ и АМ БРОКЕР во кои можете да направите редовен технички преглед и регистрација со шалтер на МВР и да извадите полиси за осигурување (авто одговорност, каско, зелен картон) од било која компанија.