Прекрасниот сончев ден во Скопје, беше крунисан со свечениот чин на примопредавање на новата флота на OPEL возила за фирмата АБЦ Логистика, ексклузивен претставник на светските рент а кар корпорации – Enterprise и Alamo во Македонија.
На потпишувањето на договорите и примопредавањето на возилата, во салонот на Аутомакедонија во населбата Автокоманда, присуствуваа сопственикот и директор на АБЦ Логистика, Зоран Димовски и генералниот директор на Аутомакедонија, м-р Зоран Дочински.
Исклучително ни е драго што успеваме нашата долгогодишна соработка со АБЦ Логистика, која ја темелиме на искрен однос, доверба и партнерство, да ја одржиме, негуваме и продлабочуваме. – изјави Дочински.