auto best

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА AUTOBEST

Организацијата „AutoBest“ вчера на гала свеченост во Мајнц ги додели признанијата за најдобрите за 2020 година во автомобилската индустрија, а главното признание официјално го доби Opel Corsa.

Новата генерација на Corsa ја продолжи традицијата на моделот и стана трета по ред која стигнала до „BestBuy“ наградата на „AutoBest“, зад која стојат 31 новинар од повеќе европски земји.

Opel Corsa собра најмногу гласови по финалното тестирање од членовите на жирито во Истанбул и го освои признанието пред другите финалисти Nissan Juke, Peugeot 208, Renault Clio и Skoda Kamiq.

auto best 2

За уште поголем успех на Opel годинава се погрижи и неговиот предводник, Михаел Лохшелер, кој го доби признанието за најдобар менаџер односно „MANBEST 2019“, со што влезе во избрано друшто на угледни имиња од автомобилската индустрија.

Останатите признанија им припаднаа на Лук Донкерволке од Hyundai (DesignBest 2019), Volkswagen ID.3 (EcoBest 2019), SkuActiv X (TechnoBest 2019) и Laura асистентот на Skoda (SmartBest 2019).

Teкстот е превземен од порталот Auto Focus.