New_Opel_Insignia_Range_Exterior_Design_992x425_ins14_e01_093

ДИЛЕРСТВО ЗА OPEL ВО СРБИЈА

Аутомакедонија го продолжува својот агресивен развој во 2015 година.

Со официјалното потпишување на договорот за соработка со Германскиот производител OPEL, новоформираната компанија ќерка на Аутомакедонија – AUTO ONE, стана овластен дилер и сервисер на OPEL за Република Србија.

Auto One Logo JPG

Новото дилерство на OPEL, во комплетна сопственост на Аутомакедонија  e лоцирано на исклучително атрактивна локација во градот Ниш.

auto one

Непосредно до централното градско подрачје, со атрактивен изложбено продажен салон и одлично димензиониран сервисен центар (комплетно развиени во согласност со строгите критериуми на General Motors), новото дилерство AUTO ONE добива можност да го покрие целиот регион на Јужна Србија жеден за квалитетно дилерство и овластен сервисен центар за OPEL.

Тимот на фирмата AUTO ONE, e составен од искусни професионалци во областа на автомобилската индустрија од Србија, кои ќе ја добијат комплетната поддршка од менаџерскиот и техничкиот тим на Аутомакедонија.

Новоформираната компанија AUTO ONE веќе започна да работи и секојдневно ги извршува операциите на одржување и сервисирање на возилата OPEL од Ниш и регионот, а по официјалното отварање на 4ти Јуни оваа година, во присуство на највисоките претставници на менаџерскиот тим на OPEL за Европа, се очекува и официјалното промовирање на продажно сервисниот центар во Србија.