LIDER

БАРАМЕ НОВИ ПАРТНЕРИ

Менаџерскиот тим на Аутомакедонија, во 2014 година, за своите ценети потрошувачи, клиенти и партнери, ја  лансираше специјалната Аутомакедонија Клуб картичка, која до крајот на 2015 година беше издадена во повеќе од 7.000 примероци.

SILVER MALA

Картичката – Silver се издава бесплатно, a може да ја добијат сите клиенти на Групацијата Аутомакедонија, со пополнување на формуларот (апликацијата) и приложување на сметка од било кој производ или услуга набавени во некоја од фирмите на Аутомакедонија.

Со презентирање на својата клуб картичка, сопствениците може да добијат голем број на поволности, бенефиции и попусти при купувањето на производите и услугите во фирмите на Аутомакедонија (нови возила, комплетна сервисна услуга за сите видови и марки на возила, гуми, монтажа на авто плински уреди, резервни делови, технички преглед, атести и хомологации, осигурување)…

ПОВОЛНОСТИ СО КЛУБ КАРТИЧКА ВО АУТОМАКЕДОНИЈА

Дополнително, менаџерскиот тим на Аутомакедонија, со единствена цел – да го зголеми задоволството на своите клиенти, започна со преговори и со други фирми (ресторани, кафе барови, бутици, центри за убавина и здравје, продавници, училишта за странски јазици, медицински установи и амбуланти…) во кои сопствениците на Клуб картичка, исто така ќе уживаат голем број на поволности, попусти и бенефиции.

Во овие партнерски фирми, кои ќе влезат во листата на партнери на Аутомакедонија, имателите на Клуб картичка, со едноставно презентирање на истата ќе добијат дополнителен попуст.

ЛИСТА НА ПОВОЛНОСТИ ВО ФИРМИТЕ ПАРТНЕРИ НА АУТОМАКЕДОНИЈА 

Покрај имателите на клуб картичка, кои несомнено ќе бидат задоволни од дополнителната заштеда во својот буџет, и фирмите кои ќе влезат во селектираната листа на партнери на Аутомакедонија ќе добијат – дополнителна бројка на потенцијални и лојални клиенти, бесплатен маркетинг, бесплатни објави на електронските информатори на Аутомакедонија (веб страна, блог, социјални мрежи).

Партнерите на Аутомакедонија ќе го најдат и своето место во информативните писма (newsletters) кои фирмата периодично ги праќа на своите членови на клубот, во кои ќе можат да обават и специјални промоции, кампањи и акции – за сите иматели на Аутомакедонија Клуб картичка.

Ако и вие имате бизнис, и сакате да влезете во мрежата на фирми кои ќе им понудат специјален попуст на имателите на Аутомакедонија Клуб картичка – побарајте ги нашите промотори на тел. 02 3103 280, 070 35 88 06

Или на е-маил : zorand@automakedonija.com.mk