Профил на компанијата

БОГАТА ТРАДИЦИЈА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ДЕЈНОСТ

slika za strana opel385Аутомакедонија e основана во далечната 1947 година, како компанија специјализирана во автомобилската дејност.

Седум децении подоцна, Аутомакедонија сеуште ја негува својата богата, долгогодишна традиција и на македонскиот пазар функцонира како комплетно приватизирано, акционерско друштво посветено главно на автомобилскиот бизнис.

Аутомакедонија има заокружена инфраструктура (изложбено продажни салони и сервисни центри), најмодерна опрема за одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила и високопрофесионален тим, кои имаат задача на својата богата листа на клиенти да им обезбедат комплетна услуга за нивното возило.

Во портфолиото на странски партнери на Аутомакедонија се вбројуваат импресивни премиум брендови како што се OPEL, CHEVROLET, TUV NORD, PIRELLI, BRIDGESTONE, FIRESTONE, LIQUI MOLY, BRC GAS EQUIPMENT, NUSSBAUM, ATT, а референтната листа на домашни клиенти и партнери ја сочинуваат најзначајните министерства, институции, владини и невладини тела, домашни и меѓународни организации и сериозни приватни компании во земјата.

Квалитетот на работењето на Аутомакедонија е еден од основните фокуси на компанијата. Тоа го потврдува и Германскиот гигант TUV NORD, кој неколку години по ред го сертифицира системот за менаџмент на квалитетот (QMS) на Аутомакедонија согласно меѓународните стандарди ISO 9001:2008, а за општествената одговорност и почитувањето на еколошките стандарди во работата сведочи сертифицираниот систем за заштита на средината според меѓународните стандарди ISO 14001.


МУЛТИБРЕНДОВСКИ КОНЦЕПТ ВО РАБОТАТА

shutterstock_94939156Аутомакедонија, согласно европските и светски стандарди во дејноста го негува мутибрендовскиот концепт во своето работење. Овластена е за продажба и сервисирање на патничките и комерцијални возила на брендовите на General Motors – OPEL и CHEVROLET.

Овластена е за продажба и сервисирање и на Словенечката фабрика за производство на автобуси TAM DURABUS, а  со повеќе добавувачи од Европа, работи на изведба и на специјални возила за специјални проекти.

Во своите четири сервисни центри во Скопје и Битола, Аутомакедонија е комплетно опремена и специјализирана за одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила (патнички, комерцијални, товарни и специјални).

Професионалниот пристап во работата на компанијата е препознаен од страна на повеќе странски брендови, поради што Аутомакедонија е овластена за одржување и сервисирање на автобусите YUTONG, работи како овластен сервис за WABCO и WEBASTO, ја одржува и сервисира опремата на ATT и NUSSBAUM…


НОВИ КОМПАНИИ ВО ГРУПАЦИЈАТА НА АУТОМАКЕДОНИЈА

DSC_2517Либерализацијата и хармонизацијата на прописите во областа на втомобилизмот во Европа беше повод менаџментот на Аутомакедонија да формира инспекциски тела на интернационално ниво во новата специјализирана компанија АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје.

Денес оваа компанија е акредитирана од Институтот за акредитација на Република Македонија за следните дејности:

Техничка служба за хомологациски испитувања и инспекции на возила, системи и делови на возила за сите класи и преправки и модификации на возила и нивни системи како и атести на преправки на возила во специјална намена, работни машини, трактори и земјоделска механизација

Техничка служба за инспекција, калибрација и одржување на тахографи и ограничувачи на брзина
ADR инспекции за возила кои обавуваат превоз на опасни материи
EKMT (CEMT) инспекција на возила кои обавуваат меѓународен транспорт
ATP превоз на храна и расиплива роба
Станици за технички преглед на моторни возила и регистрација на возила
АМ ЦЕРТ во својата “аутомотив“ дивизија во последните 18 месеци има издадено преку 50.000 документи, што е потврда за забележителната роља на компанијата во оваа област во Републиката.

АМ ЦЕРТ е препознатлив со својата стручност и за имплементирање на менаџмент системите за квалитет од ISO портфолиото ( 9001, 14001, HACCP, 18001 (OНSАS), ЕNISO3834, ENISO1090, 20000, 22000, FSC и многу други).

Сите активности се верификувани и поддржани од германската сертификациона куќа TUV NORD чиј претставник за Република Македонија е АМ ЦЕРТ.

Високостручната екипираност, организираност и поставеност Аутомакедонија и АМ ЦЕРТ ја пренесуваат на следните генерации преку својата АМ Академија која претставува расадник на техничко знаење, а е поддржана и од еден од водечките државни универзитети “Гоце Делчев“ – Штип, како и испитни и показни лаборатории за возила. Според тоа, мисијата и визијата на групацијата да промовира бренд препознатлив по високиот квалитет на услугите, по добрите деловни односи и професионалниот пристап на екперсткиот тим е со успех остварена, што придонесува и понатаму да јакне довербата на клиентите, акционерите и потенцијалните инвеститори.


ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКО ДРУШТВО

Во 2014 година Аутомакедонија ја основаше и компанијата АМ БРОКЕР, Осигурително брокерско друштво во кое клиентите на Аутомакедонија може да набават полиси за осигурување од сите сигурителни компании во земјата.