MULTIBRAND

1

MULTIBRAND

Мулти бренд сервисот за комерцијални возила и автобуси во состав на нашата компанија работи повеќе години. Организиран на површина од 6000м2, сервисен центар со три сервисни канала и одделение за дијагностика на површина од 1000м2 со 10 работни позиции опремен со најсофистицирана дијагностичка опрема и алат преставува лидер во сервисното работење во Р.Македонија. Доказ за нашето професионално работење е стекнатата  доверба и континуирата соработка со многу државни институции и приватни стопанственици во државата.


Решавањето на најразличните механички и електрични дефекти на возилата е она што го карактеризира мултибренд сервисот на Аутомакедонија АД . Користењето на најсофистицирана дијагностичка опрема и специјални алати преку континуирана обука на инженерескиот и механичарскиот тим во сервисот влева доверба и сигурност кај нашите клиенти. Во нашиот дијагностички центар поседуваме опрема од лидерите во оваа област: Magneti Marelli, Bosch, Ford EDS/DCU, WABCO Dijagnostic, ZF TestmanPro, Cummins Insite, Nussbaum

Големата техничка опременост и знаење ни овозможува брза и ефикасна дијагноза и поправка на дефекти на мотор, менувач, диференцијал, долен строј, кочиони системи, клима уреди и комплетна електрична инсталација на возилата.

ПОДГОТВЕНИ СМЕ ПРОФЕСИОНАЛНО И ВО ЦЕЛОСТ ДА ИЗВРШИМЕ ИСИТУВАЊА И ПОПРАВКИ КАЈ :

  • Ford / Combi / Truck
  • MercedesBenz / Combi / Truck / Bus
  • Yutong / Bus
  • Daf / Truck / Bus
  • Scania / Truck / Bus
  • Opel / Combi
  • Peugeot / Combi
  • VW / Combi
  • Renault / Combi / Truck
  • Iveco / Combi / Truck
  • Man / Truck / Bus
  • Dodge / Combi / Van
  • Fiat / Combi

Во нашиот дијагностички испитен центар, користиме најсофистицирана опрема за контрола на кочници и апарат за ласерско центрирање на долен построј на возилата.

Специјализираното одделение за мотори веќе неколку години успешно врши одржување и ремонти на мотори од агрегати на неколку производни и преработувачки погони во државата.