СЕРВИСИ

slika za strana opel385DSC_2521shutterstock_85319098shutterstock_131054252

CHEVROLET

Сервисниот центар на Аутомакедонија е овластен за одржување и сервисирање на возилата од програмата на – CHEVROLET во Македонија.

По одлуката на General Motors да ја запре продажбата на возила од гамата на Chevrolet во Европа, а со тоа и во Република Македонија, Аутомакедонија беше првиот овластен дистрибутер и сервисер кој го потпиша новиот договор за одржување и сервисирање на возилата од оваа марка  со што на своите клиенти и сопственици на возила Chevrolet, им обезбеди редовно одржување, професионално сервисирање и одлична достапност на резервни делови.

Новиот договор со General Motors предвидува нормално и ефикасно продолжување на сервисната пракса за сите возила од гамата на Chevrolet во и вон гарантниот период.

Сервисниот центар на Аутомакедонија ја поседува комплетната опрема, дијагностички инструменти (тестери) и специјален алат неопходни за одржување и сервисирање на возилата Chevrolet,  а нашите инжинери имаат долгогодишно искуство во работата и богато CV во Академијата на General Motors.

Процедурите за решавање на гарантните случаи остануваат непроменети, па сопствениците на овие возила не треба воопшто да се грижат за безбедноста и сервисната поддршка за нивните возила.

Во сервисниот центар на Аутомакедонија се користат оригинални резервни делови и потрошен материјал со врвен квалитет, препорачан од производителот на возилата.


ОДЛИЧНИ ЦЕНИ И УСЛОВИ НА КУПУВАЊЕ

Цените на производите и сервисните услуги на сервисниот центар на Аутомакедонија се конкурентни а за дополнително релаксирање на домашниот буџет, на нашите клиенти им нудиме и можност за плаќање на 6 рати без камата со кредитните картички на Стопанска Банка и НЛБ Тутунска Банка.


КЛУБ КАРТИЧКА

Ако сте сопственик на возило од гамата на Chevrolet, имате право да аплицирате и да ја добиете нашата Аутомакедонија Клуб картичка “Silver” со чие презентирање можете да добиете многу поволности при купувањето на производи и услуги од Групацијата на Аутомакедонија.


 KOНТАКТ И ЗАКАЖУВАЊЕ ТЕРМИН

За дополнителни информации или закажување на сервис, контактирајте не на :

Teл. 02 3103 130 или на E-mail : kontakt@automakedonija.com.mk