СЕРВИСИ

slika za strana opel385DSC_2517shutterstock_85319098shutterstock_131054252

OPEL

Сервисниот центар на Аутомакедонија е овластен за одржување и сервисирање на возилата од гамата на OPEL во Република Македонија.

Сместен е во продажно сервисниот комплекс на Аутомакедонија во населбата Автокоманда (16 Македонска Бригада бр. 2) – спроти Шумарскиот Факултет.

Сервисот е комплетно опремен според препораките на производителот (OPEL). Во него се користат оригинални дијагностички инструменти (тестери), специјален алат и опрема со врвен европски квалитет. Инжинерскиот тим на Аутомакедонија е во директна  линковска врска со Техничкиот центар на OPEL, што овозоможува брзо и ефикасно отстранување и на најсложените дефекти. Сервисните инжинери и експерти имаат долгогодишно искуство во дејноста и богато CV стекнато во Академијата на General Motors.

Во сервисниот центар на Аутомакедонија можете да добиете гаранција на работната рака и на оригиналните резервни делови, масла и потрошен материјал вградени во вашиот автомобил. Сeкоја сервисна интервенција на вашето возило, уредно се внесува во сервисната книшка и во нашата база на податоци, што дополнително ќе ја зачува вредноста на вашето возило.

Цените на нашите производи и сервисни услуги се креирани согласно строгите препораки на производителот и истите се исклучително конкурентни.


Сопствениците на возило од гамата на OPEL имаат можност да добијат попусти и бенефиции и на сите останати производи и услуги кои ги нудат компаниите од Групацијата на Аутомакедонија :

  • технички преглед
  • осигурување
  • атест на плин и клима фолии
  • хомологација
  • авто лимарски и авто лакерски интервенции
  • монтажа и балансирање на гуми
  • монтажа на плински уред
  • монтажа на клима и заштитни фолии
  • монтажа на аудио и навигациска опрема…

ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА

За дополнително релаксирање на вашиот домашен буџет Аутомакедонија, во соработка со локалните банки и финансиски институции нуди можност за плаќање на рати со кредитни картички без камата!


КЛУБ КАРТИЧКА

Сите сопственици на возило од брендот ОPEL може да аплицираат и да ја добијат БЕСПЛАТНАТА Аутомакедонија клуб картичка “Silver”, што ќе им донесе многу попусти и бенефиции во користењето на нашите услуги.


KOНТАКТ И ЗАКАЖУВАЊЕ ТЕРМИН

За дополнителни информации или закажување на сервис, контактирајте не на :

Teл. 02 3103 130 или на E-mail : kontakt@automakedonija.com.mk